Семинар / 16.10.2019 - 18.10.2019

ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

16.10.2019, 17.10.2019 и 18.10.2019 година
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка. 

Согласно законската регулатива, компаниите кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците.
 
За таа цел, Стопанската комора на Македонија во соработка со стучни лица, а по барање на компаниите организира ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ.

Предавачи на обуката се советници од Центарот за стручно образование и   обука кои воедно се и носители на работната група за изработка на оваа програма: м-р Бранко Алексовски, м-р Роза Арсовска и м-р Зоран Јовчевски.

ЦЕЛ НА ОБУКАТА ЗА МЕНТОРИ:

Целта на оваа програма е да се развијат знаења, вештини, способности, ставови и вредности, односно компетенции кои треба идните обучувачи (во натамошниот текст: ментори) да ги поседуваат за да можат да работат со ученици/учесници  кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со ученици/учесници со различна попреченост.

По успешно завршување на Програмата за стручно-дидактичка обука, менторот стекнува знаења, вештини и се оспособува да:

- го познава образовниот систем, регулативите и одговорностите на учениците/учесниците во обуката;
- им дава поддршка, да ги мотивира и да придонесува за целосно прифаќање и вклучување во активностите на практичната обука на сите ученици/учесници без разлика на нивната етничка, културна припадност и  нивната попреченост;
- има сознанија како да комуницира соодветно на возрасната група и како јасно да комуницира со учениците/учесниците со различна попреченост;
- изработува план за остварување на целите од Програмата за практична обука;
- ги следи, евидентира и да ги оценува учениците/учесниците во текот на практичната обука;
- креира безбедно работно место и безбедна работна средина за обука на учениците/учесниците во обуката;
- врши обука на наставниците по стручно-теоретските предмети и практичната обука кај работодавачот;
- изработува семинарска работа за планирање на целите од Програмата за практична обука.


Програмата на обуката e усвоена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија

Ред. бр.

Тема

 Часови

Ден

1.

Сесија 1 – Образовен систем, регулативи и одговорности на учесниците во обуката

2 часа

 Прв ден

2.

Сесија 2 – Планирање и остварување на целите од програмата за практична обука

2 часа

 Прв ден

3.

Сесија 3 - Комуникација меѓу учесниците во обуката

3 часа

 

 Прв ден

4.

Сесија 4 -  Следење, евидентирање и оценување на учениците 

 4 часа

 Втор ден

5.

Сесија 5 – Безбедност, права и обврски на работа  

 2 часа

 Втор ден

6.

Сесија 6 – Работа со возрасни 

 2 часа

 Втор ден

7.

Сесија 7 -  Комуникација меѓу учесниците во обуката 

 3 часа

 Трет ден

8.

 Сесија 8  - Работа со ученици/учесници од различна етничка/културна припадност и ученици/учесници со попреченост

 4 часа

 Трет ден

* Наставниот план и програма за стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука ги одобри (донесе) министерот за образование и наука со Решение број 17-8909/1 од 9.6.2016 година.

Информации за организираноста на обуката:

• времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа;
• по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование и обука;
• обезбеден работен материјал;
• обезбеден ручек и освежување;
• цена на обуката по учесник изнесува 10.000 денари + ДДВ 18%;

*Минимален број за реализација на обуката е 10 учесници.

Поради ограничен број на учесници последен рок за пријавување е 14 октомври 2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.01.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА -
Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција