Семинар 15.11.2019 КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ ВО ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ (EXCEL 2016)

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ ВО ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНИ ПРЕСМЕТКИ  (EXCEL 2016)

15.11. 2019 година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Во деловното опкружување во кое голем дел од успехот зависи од способноста за управување со информациите и податоците, Microsoft Excel се смета за еден од најкорисните деловни програми за општа употреба. Наменет за систематизација, уредување и чување податоци, но и за нивна визуелизација и анализирање, ова програма овозможува не само зголемена продуктивност туку и значителна заштеда во време. Во деловниот свет, користењето на Excel се смета за знаење кое едноставно е неопходно – без оглед дали станува збор за банкарство, трговија, индустрија, услужна дејност...водењето евиденција, сметководство, табеларните прикази, различните пресметки во оваа програма се работи кои се очекува да се знаат од страна на вработените.

Еднодневниот семинар посветен на програмата за табеларно пресметување овозможува за најкратко време, стекнување на неопходното знаење за работа во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Резултатот ќе бидат фактури, пресметки, табели и графикони кои резултатите од работата ќе ги прикажат на еден модерен и разбирлив начин.

Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните опции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер.

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.


Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Манипулација со работна книга, работни листови и ќелии;
• Форматирање на податоци и изработка на табели;
• Изработка на фактури во Excel;
• Креирање формули (претворање на валути, пресметка на данок, влез/излез на производи, креирање попусти...);
• Користење на основни функции;
• Поврзување на работни страници и пресметковни табели;
• Визуелизација на податоците преку графикони;
• Почетно сортирање и филтрирање на податоците;
• Печатење на документ во Excel.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност да:
• Креира реални фактури со вградени формули;
• Практично применува табеларни пресметки: претвора валути, пресметува данок, влез/излез на производи, креира попусти...);
• Поврзува повеќе табели кои се наоѓаат на различни работни страници;
• Креира табели со пресметки кои самите автоматски се пополнуваат;
• Избере, форматира и обликува графикони;
• Применува едноставно филтрирање и сортирање;
• Печати документ во Excel.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- Генерирање квалитетни работни вештини;
- Олеснета деловна администрација;
- Ефикасно користење на работното време.

Предавач:
Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување:12.11.2019 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 27.05.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ПРАШАЊА НА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ И ПОНУДУВАЧИТЕ - Искуства од досегашната примена на Законот -
Семинар, 28.05.2020
ISO 22301 - СООДВЕТНО РЕАГИРАЊЕ И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина