Семинар / 16.12.2019

ОСНОВИ НА GOOGLE ADS

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:

ОСНОВИ НА GOOGLE ADS

16.12.2019 година (понеделник)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


Google Ads платформата е една од најкористените платформи за on-line огласување. Скоро сите светски успешни компании ја користат оваа платформа на Google за промовирање на своите производи и услуги. За да се остане во чекор со конкуренцијата или да се отскокне од истата, потребно е компаниите да бидат свесни за големите можности кои ги нуди оваа платформа.  

Употребата на Google Ads носи мерливи резултати и овозможува прилагодување на компаниите на потребите на пазарот. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 16 декември 2019 година, организира еднодневен семинар на тема „ОСНОВИ НА GOOGLE ADS“. Овој семинар ќе пренесе теоретски и практични совети за тоа како компаниите да ја користат Google Ads платформата, за да постигнат полесна пенетрација на пазарот и зголемена продажба.

Семинарот ќе ги опфати основите на Google Ads, како и техники на кои треба да се внимава при користењето на истите. Дополнително, учесниците ќе имаат можност да изработат еден сегмент од Google Ads кампања, со цел полесно да го употребат знаењето по завршување на семинарот.

За кого е наменет овој семинар?
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и за сите сопственици на бизниси кои сакаат подобро да разберат како да ги промовираат своите производи и услуги on-line.

ПРОГРАМА


ПРВ ДЕЛ:
I. Основи на Google Ads:
  • Што е Google Ads платформата и за што се користи;
  • Типови на огласување на Google Ads ;
  • Клучни зборови и важни термини;
  • Важни правила за огласување;
  • Примена на Google Ads.

ВТОР ДЕЛ:
II. Процес на поставување Google Ads кампањи:
  • Крерирање на Google Ads профил;
  • Употреба на Google Ads алатките;
  • Поставување на AdWords кампања;
  • Поставување на GDN кампања.

ТРЕТ ДЕЛ:
III. Практичен дел за креирање на Google AdWords кампања:
 
• Одбирање на клучни зборови;
  • Креирање на реклама;
  • Сетирање на кампања;
  • Објавување на кампања.

ЧЕТВРТ ДЕЛ:

- Споделување на резултатите од вежбата, практични совети на предавачот.

Предавач:  

-Теодора Николовска, сопственик на „Vrootok“ – маркетинг и консалтинг агенција, маркетинг консултант и тренер. Теодора Николовска има седумгодишно работно искуство во областа на маркетинг, од кои веќе две години работи со клиенти од светот, дополнително е главен директор на „Startup Grind“ за Скопје (иницијатива поддржана од Google for Enterpreneurs). Како консултант, главни области кои ги опфаќа се дигитален маркетинг, маркетинг стратегија, координација на маркетинг процеси и продажба, организациска структура, претприемништво и лидерство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Последен рок за пријавување: 11.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ