Семинар / 23.12.2019

АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница:

АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

23.12.2019 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 23 декември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Актуелности во поглед на правата и обврските кои произлегуваат од плаќањето на работата“ во насока на стекнување практични знаења за правилното применување на легислативата која ги уредува некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од плаќањето на работата како еден од фундаментите на  работните односи како материја која никогаш не губи од својата актуелност, туку напротив, сé повеќе добива на значење.

На работилницата ќе се направи сеопфатен преглед на сите измени во сферата на плаќањето на работата, а особено ќе се анализираат измените во поглед на минималната плата, како и на можноста за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување поради зголемувањето на платата. Дополнително, ќе се опфатат и останатите параметри за пресметка на плата, ќе се објасни што се надоместоци и трошоци поврзани со работењето, како се постапува во ситуации на постоење услови за порамнување и задржување на исплаќање на плата, кои се спецификите на отсуствата од работа по основ на боледување и користење годишен одмор, како и која е нивната правилна имплементација.

На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика.

ПРОГРАМА

I. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА И ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА
- Законска регулатива;
- Пресметка на основна плата;
- Пресметка на работна успешност и додатоци на плата;
- Параметри за пресметка на плати за 2019 година;
- Минимална плата;
- Актуелни измени на Законот за минимална плата;
- Поим на минималната плата;
- Висина на новата минимална плата;
- Закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради   зголемување на плата;
- Осигуреник и обврзник за пресметка и уплата на придонесите;
- Референтен период и референтна плата;
- Обврзници кои можат да користат субвенционирање на придонеси;
- Осигуреници за кои може да се користи субвенционирање на придонеси;
- Највисок и најнизок износ за субвенционирање на придонеси;
- Постапки;

ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

II. НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА
- Пресметка на надомест на плата по основ на боледување;
- Законска регулатива;
- Исплата на боледување на товар на работодавач;
- Исплата на боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
- Пресметка на надомест на плата по основ на годишен одмор;
- Определување за секој вработен одделно;
- Стекнување право за цел годишен одмор;
- Пропорционален дел од годишен одмор;
- Користење на годишен одмор;
- Потврда за искористен годишен одмор;
- Надоместок за неискористен годишен одмор;
- Надоместок на плата за годишен одмор и основица за плаќање на придонеси и персонален данок за   надоместокот на плата за годишен одмор;
- Неплатено отсуство;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

III. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА
- Пропишан износ, сметководствени и даночен третман, потребна документација и пресметка
- Дневници за службени патувања –Уредба за службени патувања во странство;
- Надомест за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот;
- Регрес за годишен одмор;
- Надомест за одвоен живот;
- Теренски додаток;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

IV. ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
- Основ и услови за порамнување на побарување на работодавач со обврска за исплата на плата;
- Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата;
- Административна забрана;
- Налог за извршување врз основа на извршна исправа;
- Претходно исплатен аванс кој сé уште не е оправдан;
- Надомест на штета;
- Парична казна изречена од работодавачот;
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

Предавачи:

- Сашка Бошковска - Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска - Симоноска, Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 18.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ