Семинар / 23.01.2020

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна тренинг обука на тема:

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ

(DEFINING CLIENT/CONSUMER NEEDS AND CLIENT PROSPECTING)

23 јануари 2020 година (четврток)
9:50-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Дефинирање на потребите кои ги имаат клиентите/потрошувачите е основата за воспоставување на успешна маркетинг и продажна стратегија. Исто така, овозможува и „стеснување“ на потрагата по клиенти, доколку точно е дефинирана потребата и потенцијалниот клиент кој треба да се комуницира.

Динамиката на работењето и достапноста на информации постојано ги менуваат потребите и преференциите на клиентите што не` обврзува постојано да имаме систем на следење на тие промени и креирање на соодветна стратегија за нивно надминување и инкорпорирање во бизнисот.

Потрагата по клиенти е континуиран процес, кој нема почеток и крај, но со претходно утврдување на потребите истата временски се намалува и преку користење на современи дигитални алатки и стратегии се зголемува ефективноста на продажбата.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 јануари 2020 година, организира еднодневна тренинг обука на тема: „ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ“ (DEFINING NEEDS AND PROSPECTING OF CLIENTS/CUSTOMER).
 
Целна група: 
Тренинг обуката е наменета за менаџерите и вработените во секторите продажба, маркетинг, претпродажба, како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на ефективно и ефикасно следење и дефинирање на потребите на клиентите во насока на зголемување на продажбата.


ПРОГРАМА



ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕФИНИРАЊЕТО НА ПОТРЕБИ КАЈ КЛИЕНТИТЕ/ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА КОМПАНИЈАТА, МАРКЕТИНГОТ И ПРОДАЖБАТА;

МЕТОДИ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ (ГЕНЕРАЛЕН ПРЕГЛЕД И ЗНАЧЕЊЕ):
- Реактивни методи на дефинирање и следење на потребите;
- Проактивни методи на дефинирање и следење на потребите;

ИСТРАЖУВАЊА КАКО ПРОАКТИВЕН МЕТОД:
- Дефинирање на моменталните потреби;
- Воспоставување систем за следење на промените кај потребите на клиентите/потрошувачите;

ПАЗАРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ И ПАЗАРНИ СЕГМЕНТИ:
- Дефинирање на целокупниот пазарен потенцијал;
- Дефинирање на пазарни сегменти и финансиска големина;
 
ПОТРАГА, ПРЕТ-СЕГМЕНТАЦИЈА И ГЕНЕРИРАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИ:
- Споредба помеѓу реактивен и проактивни методи на генерирање на потенцијални потрошувачи/клиенти;

ДИГИТАЛНИ АЛАТКИ ЗА АВТОМАТИЗИРАНА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИ КЛИЕНТИ:
- Автоматизирана комуникација со потенцијалните клиенти/потрошувачи;
- Воспоставување на контролен механизам за резултатите од автоматизираната комуникација

ИНТЕГРАЦИЈА НА ПОВЕЌЕ АЛАТКИ И ПРОЦЕСИ ОД МАРКЕТИНГОТ И ПРОДАЖБАТА:
- Дефинирање на можностите за поедноставување;
- Зголемување на ефикасноста и ефективноста во маркетингот и продажбата;

• СЕСИЈА СО ПРАШАЊЕ И ОДГОВОРИ (РАБОТА НА РЕАЛНИ ПРОБЛЕМИ НА УЧЕСНИЦИТЕ):
- Завршни согледувања и заклучоци;
- Прашања и одговори;
- Затворање на тренинг обуката.


Предавач:

- Сергеј Зафироски
, oсновач и извршен менаџер на Агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, предавач на обуки и гостин спикер на конференции во областа на маркетинг, односи со јавност, стратегиски менаџмент и корпоративно планирање. Своето десетгодишно искуство стекнато во повеќе компании на позициите за продажба и планирање, најчесто во средно или високо ниво на менаџмент, го насочува кон истражувања на различни сегменти во пазарот, автор на бројни анализи и публикации и консултант во областа на креирање бизнис стратегии со големи компании од земјата и регионот.

Гостин предавач: Славчо Бујароски, управител и сопственик на „Sigma-SB“.

За сите учесници на тренинг обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на работилницата. 

Последен рок за пријавување: 20.01.2020 година.
Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција