Семинар / 12.02.2020

МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)

Стопанска комора на Македонија


   

Eднодневен семинар на тема:

МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)

12 февруари 2020 година (среда)
10:00- 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат

  
Имајќи предвид дека денешното динамично работење доведува до суштински промени во пристапот кон генерирање на нови купувачи кои во значителна мера влијаат врз успехот на една компанија, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 12 февруари 2020 година и истиот е наменет за сите приватни компании како неминовни учесници на домашниот и меѓународниот пазар.

Целта на семинарот:

Целта на овој семинар е компаниите детално да се запознаат со модерните и иновативните модели на маркетинг, особено на маркетинг преку социјални медиуми. Користењето на социјалните медиуми и унапредените алатки кои се исклучиво наменети за корпоративните и бизнис сегментите се од исклучително значење за унапредување на растот на компанијата.

Без разлика дали се работи за сопственик на мал бизнис или пак вработен во секторот за маркетинг (и продажба), на еднодневниот семинар ќе се покаже како може да се креира добра реклама и како може да се лансира пред вистинската публика. Ќе се открие како ефективно да се постигнат посакуваните продажни резултати. Ќе се увиди преку практични вежби и реални кампањи, дознавајќи зошто LinkedIn и Instagram рекламирањето се сметаат за едни од најмоќните алатки за растот на еден бизнис, употребувајќи ги прецизно за твои потреби. Ќе добиеш ресурси за да бидеш подготвен самостојно да го ескалираш твоето присуство на LinkedIn и Instagram зголемувајќи ја продажбата, или работењето за сопствените клиенти.

ПРОГРАМА
Преку практична работа, ќе научиш:
➢ Основи за LinkedIn Business Pages и Instagram Business Accounts (креирање, подесување,   водење);
➢ Разлика помеѓу корисниците на двете платформи;
➢ Како да одредиш публика која ќе конвертира најдобро;
➢ Како да создадеш visuals за твоите реклами;
➢ Како самостојно да креираш рекламни кампањи на LinkedIn и Instagram;
➢ Креирање на ефикасен Ad Creative (содржина, фотографија и copy за рекламата);
➢ Буџетирање во зависност од целите и публиката;
➢ Мерење на резултати.

Предавачи на семинарот ќе бидат експерти кои работат во областа на менаџмент консалтинг и дигитална трансформација со специјализација во социјални медиуми:
o Александар Целески и
o Владимир Ристевски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на еднодневниот семинар можат да се пријават најдоцна до 7.2.2020 година.

Мислење

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015