Семинар / 25.02.2020

ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:
 
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

25 февруари 2020 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 


Стопанската комора на Македонија, на 25 февруари 2020 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на законските одредби, анализа на судската пракса, како и дилемите кои во пракса ги предизвикуваат одредбите на Законот за парничната постапка во врска со вештачењето како доказ во парничната потапка, особено после измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка („Службен весник на РМ“, број 116/2010).
Предмет на анализа ќе бидат и одредбите од Законот за вештачење. Ќе бидат презентиран дел од судската пракса во Република Северна Македонија преку одлуки кои содржат исти или различни правни стојалишта на судовите, правни заклучоци на Врховниот суд на Република Северна Македонија, како и на апелационите судови во врска со насловната тема.

На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите размислувања, ставови и  проблеми во врска со практичната имплементација на   одредбите на наведените закони.

ПРОГРАМА:


I. Тужба, одговор на тужба, докази и изведување на докази според одредбите на Законот за парничната постапка:

  - содржина на тужбата:
  - предлагање на докази од страна на тужителот;
  - одговор на тужба;
  - предлагање на докази од страна на тужениот;
  - до кога може да се предложи вештачењето како доказ?

II. Закон за вештачење:
  - вештачење и процена – дистинкција;
  - кој го спроведува вештачењето и супервештачењето;
  - одредби од ЗПП кои се однесуваат на вештачењето;
  - посебни одредби за супервештачење.

III. Вештачењето како доказ во постапката по приговор против нотарски платен налог

IV. Судска пракса


Целна група: 
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на трговски друштва,  јавни и државни установи, законските застапници, адвокати и сите заинтересирани субјекти за темата која ја покрива семинарот.

Предавач:

Татјана Сусулеска, судија на Апелациониот суд - Битола, која работи во граѓанскиот оддел на  граѓански и трговски спорови, постапки за стечај, вонпарнични постапки, како и постапки по жалба против решенија донесени по приговори против незаконитости во постапките за извршување; претседател е на Одделот за судска пракса на истиот суд,  предавач во почетна и континуирана обука на судии и јавни обвинители  на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, автор на повеќе стручни трудови од областа на трговското право и стечајот.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.


Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до  20 февруари 2020 година. 

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.02.2020
ОСНОВИ НА E-MAIL МАРКЕТИНГ
Семинар, 21.02.2020
КОИ СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ГРЕШКИ НА ПОНУДУВАЧИТЕ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ПРИЧИНИ ЗА ЧЕСТИ ПОНИШТУВАЊА И ОБЖАЛУВАЊА НА ТЕНДЕРИТЕ
Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 26.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина