Семинар 03.06.2020 КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?

„онлајн“-семинар 10:00-13:00


   

Неоспорно е дека ненадејниот и брз развој на корона вирусот комплетно го промени нашето секојдневие. Без разлика дали го гледаме од аспект на потрошувач или сопственик на трговска марка (бренд), интеракциите се комплетно поинакви и бараат многу поголема интернет-свесност и ефикасност. Овие промени бараат и приспособување на корпоративните пораки и промотивната комуникација. Следствено на ситуацијата, неопходно е маркетерите да го прифатат предизвикот и да започнат да комуницираат по новите правила кои ги носат сите овие промени.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 3 јуни 2020 година, организира „онлајн“-семинар на тема: „КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?“. Интерактивнитот „онлајн“-семинар се фокусира на развој на контент маркетинг стратегија за време на Ковид-19, како и продолжување на истата по завршувањето на пандемијата. Семинарот ќе има за цел да ги презентира можностите за комуницирање во овој период, да сподели совети и методи како брендовите најефикасно да се справат со овој проблем и да добијат најмногу за нивните бизниси.

Семинарот ќе опфати преглед на можностите за комуникација во и по периодот на пандемијата, како и совети и методи за најефикасно справување со новонастанатата комуникација.
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг секторот во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација.

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ
-  Промени во комуникацијата:
• Економски промени кои ги донесе Ковид-19;
• Комуникациски промени кои ги донесе Ковид-19;
• Културолошки промени кои ги донесе Ковид-19;
• Што значат сите овие промени за маркетинг комуникацијата?

ВТОР ДЕЛ:
- Промотивно комуницирање во услови на пандемија:
  • Што треба да направите, што не смеете да направите?
  • Како да го приспособите вашиот бренд за комуницирање во време на пандемија?
  • Како комуницираат брендовите во светот (студии на случај)?
  • Од каде да започнете (развој на content маркетинг стратегија)?

- Практична примена: Развој на содржина за сопствениот бренд:
  • Објава за социјални медиуми;
  • Поврзување со CSR кампања;
  • Активација со инфлуенсери
  • Анализа и коментари на дадените решенија.

ТРЕТ ДЕЛ: 
- Насоки за комуникација по завршување на пандемијата:

  • Дали веќе постои „нормална“ комуникација? – Како вашиот бренд да излезе од пандемијата?
  • Што нѐ очекува следно? – Предвидувања за развој на промотивната комуникација;
  • Препораки и совети за продолжување на комуникацијата.

Предавач:   
- Ива Дујак,
доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Таа е партнер и технички директор на Маркетинг агенцијата „Brand Union“, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални и интернационални брендови. Автор е на наградуваните блогови This is Not a Social Media Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks MК, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот факултет во Скопје, Економскиот факултет во Прилеп, бројни невладини организации и академии.

За сите учесници ќе биде обезбедено:    

- упатства за приклучување на „онлајн“-семинарот;
- работни материјали во електронска верзија и
- e-сертификат за учество на семинарот.    

Бројот на учесници е ограничен на 20 лица.
Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 28.5.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина