Работилница 18.06.2020 ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС

онлајн работилница, 10:00-13:00


   

Стопанската комора на Македонија, на 18 јуни 2020 година, организира еднодневна „онлајн“-работилница на тема: „Интерни мерки за справување со ефектите од ограничувањето или прекинот на работниот процес“.
Во рамки на работилницата ќе бидат анализирани основите за намалување на платата како модус за справување со негативните ефекти од ограничениот или прекинатиот работен процес кај работодавачите. Соодветно, детално ќе се дискутира за опциите кои им стојат на располагање на работдавачите во поглед на плаќањето на работата како еден од најголемите трошоци во работењето.
Понатаму, следејќи ја интенцијата за преземање чекори за надминување на потешкотиите во работењето, ќе се разгледаат и различните типови на отсуство од работа од страна на вработените, и тоа како оние отсуства за кои следува надоместок на плата, така и отсуствата кои се неплатени.
Конечно, ќе се разработат и законски поткрепените начини за престанок на работниот однос како крајно решение, а со цел заштита субјектите на работниот однос.

Работилницата ќе се одржи „онлајн“.

ПРОГРАМА

I. ПРИВРЕМЕНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА
• Пресметка и содржински компоненти на платата во редовни околности;
• Плаќање на работата во вонредни околности:
- Договорно намалување на платата;
- Намалување на нето платата поради виша сила;
- Намалување на плата поради потешкотии во работењето.
• ДИСКУСИЈА

II. ОТСУСТВА ОД РАБОТА ПРИ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЛИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
• Годишен одмор;
• Други основи за платено отсуство;
• Неплатено отсуство.

III. ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
• Спогодбен престанок на работниот однос, откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и работодавачот;
• Дозволеност, форма и содржина на отказ;
• Основани и неосновани причини за отказ;
• Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок.
• ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

 -ПРАШАЊА И ДИСКУСИЈА-

  Предавачи:
- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото правo;
- Сашка Бошковска Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати.

За сите учесници ќе биде обезбедено:

-  Напатствија за приклучување на „онлајн“-работилницата;
-  Е-сертификат и
-  Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 16.06.2020 година.

Листа на едукативни настани - јуни 2020 година

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина