Работилница 24.06.2020 ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ

онлајн работилница, 10:00-13:00


   

Во модерното работење квалитетниот кадар претставува незаменлив ресурс за секоја компанија, без оглед на нејзината големина. Човечкиот капитал е извор на опстанок и развој на претпријатието, а со негово правилно менаџирање компанијата напредува и се развива.
Современите трендови и глобалното опкружување наметнуваат потреба за постојано усовршување на вработените и спроведување на промени. Единствен начин на опстанок, за организацијата на денешницата, е да учи побрзо од конкуренцијата. Тоа бара нови знаења и способности и нови односи помеѓу организацијата и поединецот.
Препознавајќи ја големата важност за се поголема дигитализација во работењето, развиени се голем број дигитални алатки со цел ефикасно и ефективно работење на организацијата. Една од нив е Mentimeter – веб алатка која обезбедува на интерактивен, интересен и забавен начин да се реализираат презентации, анкети, состаноци и обуки со вработените. Може наменски да се примени за полесна интеграција на нововработените во компанијата, за надградување на вештините на вработените, тим билдинг, координација и поврзување на тимови, но и за настани, за претставување нови продукти и услуги, брендирање, консалтинг и поддршка.  Оваа алатка, може да се користи и без физичко присуство на вработените, клиентите и менаџментот. Всушност Mentimeter освен во секојдневното работење може да се користи и при учество на конференции, предавања, веб-конференции или кој било друг вид настан, организиран за голема аудиенција. Основна цел на работилницата е да овозможи стекнување на практични знаења за работа со веб алатката Mentimeter и е наменета за менаџери и вработени кои сакаат да стекнат дигитални вештини кои се потребни за 21 век, но и да се подготват за новите кои ќе се појават во иднина. Потребни предзнаења за овој семинар се познавање на работна околина на веб-пребарувач (Google Chrome, Firefox, и др.).

Програма

I. Функционалности на алатката Mentimeter
- Вовед и значење на дигиталните алатки на 21 век;
- Работна околина на Mentimeter;
- Креирање слајдови со Mentimeter;
- Додавање текст и слики со Mentimeter.

II. Изработка на презентации

- Креирање презентации со Mentimeter;
- Креирање прашалници со Mentimeter;
- Преземање и обработка на одговори од слушателите;
- Анализа на добиените информации.

По завршување на онлајн“- работилницата, учесниците ќе бидат во можност:
- Да креираат дигитални содржини за состаноци и материјали за презентации и обуки;
- Да креираат прашалници за проверка на усвоените информации и знаења;
- Да анализираат извештаи од повратните информации на корисниците на нивните материјали;
- Да ги идентификуваат вработените кои избегнуваат стекнување нови знаења и вештини;
- Да ги модифицираат дигиталните материјали согласно добиените повратни информации;
- Да креираат позитивна работна атмосфера;
- Поедноставно да ги воведат нововработените во компанијата;
- Поефикасно да ги ориентираат вработените,
- Да ја зголемат соработката во компанијата;
- Да ја подобрат ефикасноста на компанијата.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:

- Стекнување дигитални вештини потребни за секое работно место;
- Стекнување современи вештини за презентација;
- Подобрување на односите меѓу менаџерите и вработените како и меѓу самите вработени;
- Подобрување на односот на организацијата со своите вработени и vice versa;
- Оптимизација на работните процеси и подобрување на ефикасноста на компанијата;
- Генерирање квалитетни работни односи;
- Зајакнување на тимското работење;
- Креирање позитивна работна атмосфера.

Предавач:

Гордана Јанакиевска, дипломиран електро инжинер, информатичар, обучувач од областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  имплементатор на активностите на еTwinning платформата во образованието за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и коавтор на прирачници за основно образование и друга стручна литература.
 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- напатствија за приклучување на „онлајн“-работилницата;
- е-сертификат и
- работни материјали во електронска верзија.

Рок за пријавување: 22.6.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 03.06.2020
КАКО ДА РАЗВИЕТЕ CONTENT МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА ЗА ВРЕМЕ И ПО КОВИД-19?
Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина