Семинар 07.07.2020 ЗАКОНСКА РАМКА, УРЕДБИ, ТЕХНИЧКО-ИНЖЕНЕРСКИ МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

„онлајн“-обука 10:00-14:00


   

Корона вирусите се семејство на вируси кои предизвикуваат болест кај животните. Седум од нив, вклучувајќи го и новиот вирус, преминаа и на луѓето, но повеќето само предизвикуваат вообичаени симптоми на настинка. Два корона вируса – Блискоисточен респираторен синдром (MERS) и тежок акутен респираторен синдром (SARS) – се многу потешки форми на вирус, откако од 2002 година до сега убиле над 1.500 луѓе. Новиот вирус, SARS-CoV-2 кој ја предизвикува болеста официјално позната како Ковид-19, е исто така поопасен од обичната настинка.

Пандемијата предизвикана од новиот корона вирус САРС КоВ – 2 го загрози целокупниот начин на живот. Веќе не е прашање дали ќе останеме, туку колку ќе останеме дома. Не е прашање дали ќе има новозаболени, туку колку ќе има новозаболени. Исто е и кај работниците. 
Правото на заштита при работа е уставно гарантирано право за секој граѓанин (чл. 32 од Уставот на РСМ). Ова право се остварува преку низа  законски и подзаконски акти од различна област, со единствена цел – да се овозможи највисок можен степен на безбедност на работното место, да се елиминира и/или да се минимизира специфичниот професионален ризик и да се овозможи унапредување на здравјето на професионално експонираните работници и превенција на професионалните болести и повреди на работа.

Во изминатиот период преку средствата за јавно информирање можеме да забележиме отсуство на техничко/организациони мерки и соодветна заштита на работниците, што недвосмислено доведува до поголемо ширење на вирусот. Отсуството на мерки за заштита на работниците при работа и присуството на новиот корона вирус ја зголемува веројатноста производните процеси целосно да запрат. Оттука, потребно е да се предлагаат и применуваат реални мерки и план за излез од кризата за стопирање на ширење на заразата и задржување на работните места на работниците.  

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 7 јули 2020 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира „онлајн“-обука на тема: ЗАКОНСКА РАМКА, УРЕДБИ, ТЕХНИЧКО/ИНЖЕНЕРСКИ МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА, на која ќе бидат посочени законските барања и донесените уредби од страна на Владата РСМ. 

На обуката присутните ќе бидат запознаени со сет на иницијативи и препораки кои беа изготвени во изминатиот период од самото прогласување на вонредната состојба во нашата земја, се` до завршување на истата, соочени со пандемијата – грижа за безбедност и здравје при работа, еднакво признавање на правото на боледување како последица на заболување од новиот корона вирус на вработените во Македонија, мерки за отстранување на опасноста или замена со  помалку опасна, преку конструкција на технички решенија кои ќе го штитат работникот, организациски мерки преку процесот на организација на работата, подигнување на свесноста за одредената опасност кај работниците и повторно враќање на работните места. 

Предавач:

м-р Снежана Јанкова Петковска,  д.и.ЗПР,  стручно лице за БЗР,
управител во „ПрогенЗ“ ДОО – Скопје.


Обуката ќе опфати елементи на теорија, дискусија и конкретни примери. 

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- електронски работен материјал; 
- потврда со 10 бода според Правилникот за едукација на стручни лица
- електронски сертификат за учество на обуката.

Сите заинтересирани за учество на оваа „онлајн“-обука можат да се пријават најдоцна до 2.7.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“