ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП
➢ Актуелно (21.06.2018)
👁 Прочитано: 1006



ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ПРЕД СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП

Регионалната комора со седиште во Прилеп при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на Управниот одбор во проширен состав на која пред бизнис заедницата, градоначалникот на Општина Прилеп, и другите присутни беа презентирани мерките за поддршка на инвестиции од трите столба на Планот за економски раст на Владата на Република Македонија.

Во поздравното обраќање, претседателката на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска, истакна дека стопанствениците од регионот имаат можност и во директнат комуникација со владините претставници да добијат конкретни информации околу начинот на аплицирање и одредени прашања за кои постои дилема во прибирање на документите и подготовка на апликативните решенија.

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и Општина Прилеп и соработниците ги презентираа можностите и начините за користење директна финансиска поддршка на инвестирањето. На средбата беше посочено дека со новите мерки се дава уште посилна поддршка за странските инвеститори, а пред присутните беа презентирани петте мерки од третиот столб, кои се исклучиво наменети за малите и средните претпријатија преку Фондот за иновации и технолошки развој.

Прилепските стопанственици покажаа голем интерес за овие мерки, а побараа објаснување како да се имплементираат одредени законски решенија од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Во понатамошниот тек на седницата, беше презентирана мерката поддршка на локални спортски клубови преку ослободување од ДДВ.

Горан Попоски