ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
09.06.2019 👁 Прочитано: 995

ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ


Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го организираа четвртото издание на традиционалната манифестација т.н. „Светски пикник“, во Градскиот парк во Скопје

Како интересна идеја, произлезена токму од самите компании, „Светскиот пикник“ претставува своевиден спој на забавни и општествено корисни содржини преку кои се запознаваме со странските инвеститори во земјата на неформален начин. По големиот успех од минатогодишните изданија на „Светскиот пикник“, продолжуваме да ја одржуваме идејата за промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија по пат на неформално дружење и претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни, како и другите културни обележја.

И годинава посетителите на „Светскиот пикник“ имаа можност да ја вкусат традиционалната храна на дванаесетина земји од каде што доаѓаат странските инвеститори во земјава - членови на Советот на странски инвеститори и тоа од: Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Шпанија, Холандија, САД, Словенија, Турција и Швајцарија.

ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

-Советот на странски инвеститори преку „Светскиот пикник“ кој се одржува четврти пат им оддава почит на странските инвеститори со оваа манифестација. Пикникот е плод на соработката помеѓу странските компании и претставува одлична можност да се запознаеме со културата на земјите од каде што потенкуваат овие компании, а националните кујни се само еден од начините да се приближиме до македонските граѓани. Странските инвеститори во Македонија не само што нудат работни места, тие исто така нудат и обуки и квалификации за своите вработени, при што се користат најсовремени методи и проекти. Ние не само што ја менуваме работната култура во Македонија, туку со овој настан би сакале да ја доближиме и културата на земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори до македонските граѓани - изјави Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Големиот хуманитарен гурмански пикник во Градскиот парк во Скопје понуди содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца.

Македонските граѓани и претставниците на бизнис заедницата имаа можност да се запознаат со различните вкусови на интернационалните кујни и да уживаат во музиката на музичката група „The Chicks“, беа дел и од хуманата страна на настанот бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, а собраните парични средства ќе бидат донирани на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Битола.

-Сензорната соба ќе биде од корист за децата што имаат сензорна дезинтеграција, а најмногу ќе им помогне на лицата со аутизам во процеасот на нивна рехабилитација. Оваа донација ќе придонесе за доопремување на нашиот Завод во насока на обезбедување подобри услови за нашите деца, а компаниите на најдобар начин ја докажаа својата општествена одговорност преку организирање на ваков хуманитарен настан, – изјави Дивна Живорадиќ Најдовска, директор на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Битола.

На таков начин, придобивките за заедницата се повеќестрани и се состојат во приближување на странските инвеститори до граѓаните со нивната култура и традиција преку традиционалната храна на еден неформален начин, во релаксирана атмосфера, со музика, забава и анимирање на разни интересни групи на посетители, вклучувајќи ги и најмладите, претставниците од компаниите, медиумите и воопшто граѓаните, но исто така многу позначајна придобивка е хуманитарната димензија на овој настан, што ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење.

Влатко Стојановски
Михајло Донев

ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ
ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ
ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ
ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ