ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.06.2019 👁 Прочитано: 393

РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО УЧЕСНИК НА ЛОКАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА


Општина Кичево организираше Саем за вработување и кариера на локално ниво, во рамките на Проектот “Transnational Educational Network for young people - new technologies and entrepreneurial thinking in the tourism industry”, од Програмата „INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020“, во Кичево.

Целта на организирање на Саемот беше да им се даде можност на бизнисите, универзитетите, средните училишта, центрите за стручно образование и обука и работодавачите да ги промовираат своите активности и да презентираат отворени работни места.

Саемската манифестација ја отвори градоначалникот на Општина Кичево,  Фатмир Дехари, кој ги претстави активностите на проектот и ги посети штандовите на  излагачите.

И Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија ги претстави и ги презентираше активностите на најстарата и најбројната  бизнис асоцијација. На Саемот присуствува и компании - членки на Комората кои на посетителите - ученици, студенти, идни работници и други учесници, им ги претставија можностите за бизнис, претприемништво и вработување.

Преку саемската манифестација присутните доколку имаа интерес можеа да се пријават за бесплатни практични обуки и да учествуваат во образовната „онлајн“ - платформа, играта за бизнис симулација и стартап натпреварот со едукативни кампови и работилници во Софија, Валона, Солун и Кичево.

Во рамките на  Проектот се одржа и Промотивниот настан за вмрежување кој вклучува  ученици, студенти, локални претприемачи и други засегнати страни во „TRANS-EDU-NET“ - иницијативата.

Дијана Лазороска Јованоска

РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО УЧЕСНИК НА ЛОКАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА
РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО КИЧЕВО УЧЕСНИК НА ЛОКАЛНИОТ САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА