ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.06.2019 👁 Прочитано: 449

СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА БЕЗБЕДНА ХРАНА


Светскиот ден на безбедна храна (7 Јуни) во нашата земја се одбележа првпат годинава откако Обединетите нации донесоа Резолуција во декември минатата година. Покрај тркалезната маса, што ја организираше Агенцијата за храна и ветеринарство како носител на активностите, а на која учество земаа и претставници од Стопанската комора на Македонија, во Градскиот трговски центар беше организиран и едукативно-информативен настан за важноста на безбедноста на храната.

Согласно Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесена во декември 2018 година, 7 Јуни е прогласен за Светски ден за безбедност на храна. Овој ден се одбележува со цел да привлече внимание и да инспирира спроведување активности кои ќе придонесат во спречувањето, откривањето и управувањето со ризиците поврзани со храната, а со цел безбедност на храната, заштита на здравјето на луѓето, економски просперитет, напредок и промовирање на земјоделството, пристап до пазарот, и одржлив развој.

Безбедната храна е од клучно значење за промовирање на здравјето на луѓето и справување со гладот, кои се две од главните цели на Агендата на ФАО за 2030 година.

Храната не може да биде безбедна доколку претходно не се обезбеди нејзина сигурност, секој негативен инцидент поврзан со безбедност на храната може да има глобални негативни ефекти врз јавното здравје, трговијата и економијата.

Одбележувањето на Светскиот ден за безбедност на храна претставува можност за глобална промоција на улогите на сите засегнати страни во насока на зајакнување на системите за безбедност на храна. Сите чинители во синџирот на исхрана се одговорни за безбедност на храната.

Безбедноста на храната се постигнува кога сите луѓе, во секое време, имаат физички и економски пристап до храна која ги задоволува нивните диететски потреби за активен и здрав живот.

Безбедноста на храната е клучен сегмент од компонентата за искористување на четирите димензии на безбедноста на храната - достапност, пристап, искористеност и баланс.

Светската здравствена организација проценува дека повеќе од 600 милиони луѓе заболуваат и 420 000 умираат секоја година од конзумирање храна контаминирана со микробиолошки или хемиски контаминенти.

Според податоците на Светска банка, небезбедна храна придонесува до економска загуба од 95 милијарди американски долари годишно.

Безбедноста на храната е сечија одговорност и секој треба да има пристап до безбедна храна. Денес повеќе од кога било до сега, храната се произведува во огромни количини и се дистрибуира на глобални размери. Меѓусебната соработка и придонесот на сите засегнати страни во синџирот на исхрана, како и примената на добрите пракси и законските прописи, се од суштинско значење за постигнување високо ниво на безбедност на храната.

Конзумирањето безбедна храна овозможува соодветен внес на хранливи материи и промовира долгорочен економски развој и намалување на сиромаштијата, особено во руралните средини.

Здравјето на луѓето е тесно поврзано со здравствената заштита на животните и животната средина. Патогени пренесени од животни на луѓето преку директен контакт или преку храна, вода и животната средина имаат влијание врз јавното здравје и социјално-економската благосостојба.

Надлежните органи на земјите, заедно со експертите во различни области, невладините и меѓународните организации прават заеднички напори за борба против ризиците по безбедност на храната како што е антимикробната отпорност, патогените бактерии на овошјето и зеленчукот кои се појавуваат како резултат на контакт со контаминирана почва или вода и во храна од животинско потекло.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации им дава поддршка на земјите кои членуваат во овие организации во активностите кои се спроведуваат за спречување, управување и справување со ризиците кои се појавуваат во синџирот на исхрана.

Од друга страна, Светската здравствена организација ја олеснува глобалната превенција, откривање и одговор на заканите поврзани со јавното здравје а кои се предизвикани од конзумирање небезбедна храна.

Двете организации делуваат во насока на зајакнување на довербата на потрошувачите во надлежните органи и доверба во безбедно снабдување со храна.

Васко Ристовски

СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА БЕЗБЕДНА ХРАНА
СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА БЕЗБЕДНА ХРАНА
СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА БЕЗБЕДНА ХРАНА