ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Фељтон: ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ
10.06.2019 👁 Прочитано: 668

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ


Субвенциите не го постигнаа посакуваниот ефектВаско Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија континуирано презема активности во насока на поголема препознатливост и промоција на Комората како институција која се залага за развој на домашното земјоделство, поставување идни насоки за негов развој со целосно приспособување на секторот кон зголемените очекувања на потрошувачите и кон добрите практики на европската регулатива од оваа област, со што придонесува за работењето на компаниите во овој сектор.

За таа цел, Стопанската комората на Македонија, на 16.5.2019 година организираше Меѓународна конференција на тема: „Насоки за унапредување на земјоделско-прехранбениот сектор во Република Северна Македонија“.

Во фокусот на програмата на Конференцијата беа актуелни теми од областа на агросекторот, вклучувајќи ги прашањата за рурален развој, традиционални земјоделски производи, земјоделско земјиште, подобрување на пазарните механизми за продажба на земјоделски производи, зајакнување на свеста за заштитените ознаки за потекло, заштитените географски ознаки и загарантираните традиционални специјалитети, органски производи, високата технологија (Hi’teh) во земјоделството, како и низа други актуелни прашања за секторот.

На наведените теми говореа признати меѓународни и домашни експерти со богато искуство од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, кои своите согледувања и ставови во врска со актуелните прашања ги презентираа пред претставници на Владата и нејзините институции, науката, бизнис-секторот и пошироката јавност.

Материјалот, изработен од страна на стручната служба на Комората, беше разгледан на седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија. Истиот од страна на компаниите беше оценет како стратешки и визионерски за секторот и како таков има силен развоен правец доколку истиот биде прифатен од надлежните институции. Предлозите од претставниците од агросекторот беа поддржани, со сугестија истите да се надополнат во делот на географско потекло, етикетирање и промовирање на производите, за што словенечкиот модел беше посочен како успешен пример за решавање

Преку презентирање на материјалот подготвен за трибината од стручната служба на Комората целта е да се укаже на слабостите на досегашната политика и воедно да се даде насока за тоа каде истата да се движи со цел навремено и успешно преструктурирање на секторот. 

Имено, земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18%.

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположливите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината). Повеќе од една третина од земјоделското обработливо земјиште не се обработува. Субвенциите кои почнаа да се исплаќаат од 2007 година не ги дадоа саканите ефекти и наместо развојна нота тие беа искористени како социјално-политичка алатка.

Но македонското земјоделство во изминатите 25 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

При тоа, напуштањето на ценовната поддршка на земјоделските производи во 1997 година, за разлика од ЕУ и соседните земји, услови нелојална конкуренција од увозното субвенционирано производство. Отсуството на други мерки, како супституција на укинатите субвенции, услови продлабочување на дефицитот од година во година. И покрај системската поддршка која беше вратена во 2006 година, производните резултати во земјоделскиот сектор не забележаа подинамичен пораст.

Создавањето на конкурентен земјоделско-прехранбен сектор, кој ќе ги искористи компаративните предности на Република Македонија, бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа области, вклучувајќи: ефективни земјишни политики, финансирање, преструктурирање на земјоделското производство во насока на производи со дефицит на високи примања и ефективен пазар кој обезбедува соодветна средина за техничките и претприемачките вештини на домашните фармери. Целта е да се зајакне свеста за македонските земјоделски и прехранбени производи чии имиња се заштитени со оригинални ознаки за потекло, заштитени географски ознаки или загарантирани традиционални специјалности со цел да се зголеми нивната побарувачка, да се зголеми интересот на производителите за влез во производство на заштитени производи за да се постигне нивно подобро позиционирање и да се спречи злоупотреба на заштитени имиња на пазарот.

На Македонија ѝ недостасуваат економски одржливи рурални заедници кои ќе придонесат во развојот на македонското земјоделство и пласман на македонските производи на странските пазари. Предлог-буџетот за оваа година за секторот земјоделство предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството, преку зголемување на обработливите површини, создавање услови за модерно и конкурентно земјоделско производство. Најголемиот дел од предвидените средства се наменети за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција преку која се исплаќа финансиската поддршка за земјоделството преку директните плаќања од Програмата за рурален развој и ИПАРД-Програмата. Се планира во насока на инвестирање на модерно земјоделство, со конкурентни производи и цени на странските пазари. Овој тип на поддршка има за цел отворање/рестартирање на преработувачки капацитети во државата, пласман на финални производи со додадена вредност, подобрување на капацитетите во руралните средини и овозможување услови за развој на руралниот туризам, задржување на традиционалното селско семејство и негова поддршка за инвестирање во земјоделството, поддршка и поттикнување на земјоделско здружување и промоција на македонските земјоделски производи, инвестиции во примарното земјоделство и промоција на органска фарма. Еден дел од буџетските средства се наменети за развој на инфраструктурните капацитети за развој на земјоделството (инвестиции во системи за наводнување, во модерни мелиоративни системи насекаде низ државата, изградба на брани, регулирање на водни корита итн.). Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина за да може во еден догледен период да се видат резултатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здравствено безбедна храна. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на адаптација  кон климатските промени (како во растителното производство, така и во анималното), контролирано управување со водните ресурси, биоенергијата и биодиверзитетот во државата.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ