ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ПОВИК
11.06.2019 👁 Прочитано: 796

Трет повик за апликации за Фондот за можности 2019


Целта на Фондот за можности е да ги поддржи понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно-ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката (најдоцна 3 месеци по завршување на обуката).

Опфатени сектори: (1) Угостителство; (2) Здравство и социјална грижа; (3) Лични услуги; (4) Земјоделие; (5) Прехранбена технологија; (6) Машинство; (7) ИТ сектор.

Квалификувани апликанти на Фондот за можности:

а) Приватни тренинг провајдери кои нудат обуки во областа на неформалното образование
б) Средни стручни училишта кои нудат услуги во областа на неформалното образование
в) Граѓански организации кои нудат услуги во областа на неформалното образование
г) Работодавачи коишто вршат обуки во сопствените простории

Посебни услови:
Приватните провајдери, средните стручни училишта и граѓанските организации можат да аплицираат за Фондот за можности во соработка со еден или повеќе работодавачи при што потребно е писмено да гарантираат дека ќе вработат најмалку 35% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.
Работодавачите кои вршат обуки во сопствените простории треба писмено да гарантираат дека ќе вработат 50% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.

Процедура за аплицирање и краен рок:
Сите заинтересирани апликанти треба да ги достават апликационите формулари заедно со сите придружни документи најдоцна до 10 јули 2019 година, на следната е-адреса: Boris.Trimcev@helvetas.org со наслов: OF 2019 Application
Ги охрабруваме апликантите да ги испратат своите апликации на англиски јазик. Апликациите испратени на македонски и албански јазик исто така ќе бидат земени предвид.

Дополнителни информации, како и потребните документи за апликација коишто се дел од прирачникот на Фондот за можности може да се преземат на следниот линк:

  1. OF Manual
  2. Предлог проект
  3. Образец буџет 2019
  4. Гаранција

Доколку Ви е потребна поддршка, Ве молиме обратете се на следната е-адреса: Daniela.Stojanova@helvetas.org со наслов: OF 2019 Documents

Трет повик за апликации за Фондот за можности 2019