ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
26.06.2019 👁 Прочитано: 1011

ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА НАТО СТАНДАРДИТЕ


Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, Минчо Јорданов, за улогата и важноста на приклучување на земјата во НАТО Алијансата од аспект на економски развој, на работна средба со Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во Стопанската комора на Македонија, кој истовремено е и врховен командант на државата

На оваа држава и` се потребни економски политики за кои ние стопанствениците преку Стопанската комора на Македонија сме давале, даваме и ќе даваме предлози. Политиките мора да се исполнуваат, а стапките на раст да добијат посилна динамика. Без поголеми стапки на раст ние ќе заостануваме зад Европа. Тоа можам да го илустрирам со конкретен пример, дека со стапките на раст кои ги остварува нашата земја никогаш нема да ја стигнеме Европа, само ќе се оддалечуваме од неа.

Во таа насока, потребна е засилена координација на Стопанската комора на Македонија со надлежните институции и со Владата, институциите со кои долго време се води активна комуникација и соработка, за да може иницијативите и политиките што ги предлагаме да се исполнуваат со поинтензивна динамика. Само со такво темпо на реализирање на предложените иницијативи може да се придонесе да се остварат поголеми стапки на раст што, секако, придонесува за полесно интегрирање на домашната економија согласно НАТО стандардите и процедурите. Тоа ќе ја направи ефикасноста на домашната економија во состојба да може да ги исполнува материјалните обврски дефинирани во НАТО Алијансата.

Во овој контекст, воопшто не го споменувам потенцијалното членство на нашата земја во Европската унија. Зошто? Бидејќи, доколку ги реализираме зацртаните политики и заради безбедносните да кажам позитивни последици од членството во НАТО, ние со тоа многу веројатно ќе тргнеме на патот на кој континуирано ќе се инвестира во исполнување на ЕУ стандардите и процедурите со што би ги исполниле критериумите за приклучување во европското семејство.

Оттука, прашањето за НАТО за мене е прв приоритет кој треба да го поддржиме на секој начин на економски план преку реализирање на иницијативите и политиките на бизнис секторот во насока на креирање поинтензивен економски раст.

ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА НАТО СТАНДАРДИТЕ