ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
04.07.2019 👁 Прочитано: 857

ДОДЕЛЕНИ ДВА СЕРТИФИКАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР


Директорот на Царинската управа на нашата земја, Ѓоко Танасоски, заедно со помошник-директорот на Секторот за царински систем, Златко Ветеровски, остварија две работни посети и тоа во компаниите „Дрекслмајер“ и „ИГМ-Трејд“ ДОО - Кавадарци. Целта на посетата беше доделување одобренија за Овластен економски оператор.

Издадено е 4-то по ред одобрение за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност на ДММ „Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија“ ДООЕЛ - Кавадарци - МК/АЕОS/0004 и 5-то одобрение за Овластен економски оператор за царински поедноставувања/безбедност и сигурност на „ИГМ-Трејд“ ДОО -  Кавадарци - MK/AEOF/0005.

ОЕО статусот за безбедност и сигурност (ОЕОС) дава можност економски оператори основани во царинското подрачје на Република Северна Македонија да користат различни олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста за стоката кога се внесува во царинското подрачје или кога истата го напушта царинското подрачје на Република Северна Македонија. Тоа значи дека економскиот оператор ги има преземено сите мерки за заштита на своето работење и истиот е сигурен и безбеден учесник во меѓународниот синџир на снабдување. Со ваков статус се здоби ДММ „Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија“ ДООЕЛ - Кавадарци.

ОЕО статусот за царински поедноставувања/безбедност и сигурност (ОЕОЦ/ОЕОС), што беше доделен на „ИГМ-Трејд“ ДОО - Кавадарци, дава можност економскиот оператор покрај различни олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста за стоката истовремено да користи различни поедноставувања пропишани во царинските прописи, односно има приоритетен третман во однос на другите оператори, помалку физички и документарни контроли, предност во случај на селективност и др.

Соопштение од Царинската управа

ДОДЕЛЕНИ ДВА СЕРТИФИКАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР
ДОДЕЛЕНИ ДВА СЕРТИФИКАТА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР