ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
10.07.2019 👁 Прочитано: 606

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АМБАСАДАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВО ВРСКА СО РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА МАКЕДОНСКИ ПРЕВОЗНИЦИ


Поради зголемениот број на македонски превозници на стоки и патници кои што работат во/со Швајцарија, Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, информира за следното:

Во согласност со применливите одредби, возачите од Северна Македонија кои што превезуваат стоки и патници (нередовно), немаат потреба од работна дозвола (освен возачите на автобуси со редовна линија, на коишто им е потребна работна дозвола). Сепак, меѓународниот превоз на патници до и / или од Швајцарија (редовен автобуски сообраќај на редовни линии, повремени туристички транспортни услуги, железнички сообраќај) и превоз на стоки со камион и воз, се смета за поволно вработување во Швајцарија. За овие возачи обезбедувањето работна дозвола е задолжително од првиот ден. Ова се однесува на возачите кои се самовработени во Северна Македонија, или се распоредени на работа во Швајцарија од компанија од Северна Македонија, или друга земја која не е членка на ЕУ/ЕФТА.

Ве молиме, да имате предвид дека меѓународниот превоз на патници или стоки преку Швајцарија не се смета за профитна активност. Дополнително, за сите кои што поседуваат долгорочна виза за престој издадена од земја - членка на Шенген зоната, или пак поседуваат важечка C или D виза, не е потребна работна дозвола. Сите барања за визи мора да се достават до Регионалниот конзуларен центар во Приштина. Апликантите мора лично да ја поднесат својата апликација за виза, до компанијата TLScontact на следната адреса:

TLScontact
Ahmet Krasniq, Object C1-1,
No. 145, ground floor, Arberia/Dragodan.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АМБАСАДАТА НА ШВАЈЦАРИЈА ВО ВРСКА СО РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА МАКЕДОНСКИ ПРЕВОЗНИЦИ