ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ФЕЉТОН: ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО
05.09.2019 👁 Прочитано: 362

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО


Ф Е Љ Т О Н   Н А   Т Е М А:

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Стопанската комора на Македонија, на 26 август 2019 година ја организираше тркалезната маса на тема „ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС”. Дискусијата имаше за цел да опфати повеќе аспекти на прашањето за владеење на правото во земјата и импликациите врз бизнис амбиентот и пошироко врз целото општество. Притоа, беа посочени бројни поенти од страна на учесниците на тркалезната маса, чии пораки ќе може да ги прочитате во следниот период, во рубриката ПОРАКА ОД ЕСНАФОТ.

Овде, во рубриката Фељтон, на веб страната на Стопанската комора на Македонија, имаме за цел да ги презентираме клучните поенти од материјалот кој беше подготвен како основа за организирање на тркалезната маса,  вклучувајќи ги притоа и заклучоците и препораките кои произлегоа од дискусијата.

Сепак, она што е непобитен факт е дека принципот на владеење на правото сé повеќе го поткопуваат проблемите поврзани со сивата економија, корупцијата, нееднаквите правила на игра, бавната администрација, дискреционите овластувања, неефикасните судски постапки, како и преголемата регулација во одредени подрачја каде што тоа не е неопходно, кои не се „од вчера„, туку се натрупани повеќе години наназад.

                  Серијалот објави го започнуваме со фокус на двете поенти:
                  - Kолку е значајно владеењето на правото за бизнисот и
                  - Владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок
                    на Република Северна Македонија.

1. КОЛКУ Е ЗНАЧАЈНО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО ЗА БИЗНИСОТ?

Во најопшта смисла, за потребите на ова истражување, поимот владеење на правото ќе го дефинираме согласно насоките на Венецијанската комисија при Советот на Европа, според која, владеењето на правото подразбира систем на одредени и предвидливи прописи, каде секој има право да биде третиран со достоинство, еднаквост и рационалност од страна на носителите на одлуките во една држава, во согласност со законите и да има можност за оспорување на одлуките пред независни и непристрасни судови преку фер постапки.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Состојбата со демократијата и владеењето на правото во нашава држава несомнено претставува најголем предизвик, а повеќе од очигледно е дека патот кон соочување со предизвикот е мошне трнлив, но и ранлив и за бизнис-секторот, и за граѓаните и за општеството во целина. Во вакви услови, логично е да се постави прашањето дали предмет на интерес на бизнис-заедницата во овој момент треба да бидат „чисто-економските“ прашања? Колку и да звучи како флоскула, одговорот би бил дека е потребно најитно да се посветиме на вложување заеднички напори за доследно спроведување на владеењето на правото, како темелен принцип на секоја современа демократска држава, a дури потоа откако владеењето на правото и правната држава ќе бидат поставени на здрави основи, ќе може да се разговара за иницијативите на бизнис-заедницата за поттикнување на економскиот раст, за подобрување на конкурентноста, за справување со проблемот на недостиг на стручен и квалификуван кадар, за поттикнување на претприемништвото и воопшто за подобрување на бизнис-климата во државата.

Бизнисот секогаш бара доверба, сигурност и правен континуитет. Она што вообичаено го слушаме од компаниите членки на Стопанската комора на Македонија е дека принципот на владеење на правото се повеќе го поткопуваат проблемите поврзани со сивата економија, корупцијата, нееднаквите правила на игра за сите чинители во економијата, бавното работење на државните служби при решавање одредени акутни проблеми од административен и технички карактер, дискреционите овластувања на надлежните институции вклучувајќи ги и судовите, бавните судски постапки, како и преголемата регулација во одредени подрачја, и во случаи кога тоа не е неопходно. Начелна оценка е дека деловното опкружување на земјата сѐ уште не е на задоволително ниво.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Имајќи го предвид наведеното, ако навлеземе подлабоко во анализата на проблемите со кои се соочува бизнис-заедницата, ќе сфатиме дека воопшто не станува збор за проблеми од економска природа, туку во основата на проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење се прашањата кои, директно или индиректно, се поврзани со доследно почитување на основната темелна вредност на нашиот уставен поредок – владеењето на правото.

Конечно, ако темелниот принцип на постоењето на државата е владеењето на правото, ако основата на постоењето на државата е бизнисот, ние мораме да бидеме општествено одговорни чинители и до носителите на државната власт да упатиме конкретни препораки, кои ќе значат подобрување на состојбите на полето на владеење на правото.

Во таа насока е и подготовката на овој материјал, чија цел е да покаже колку се почитува принципот на владеење на правото во нашава држава, согласно релевантни, мерливи и меѓународно признати индикатори, а откако состојбите на овој план ќе бидат средени, ќе има смисла да разговараме и за прашањата што се значајни за економски опстанок, па и напредокот на оваа земја во наредниот период.

Стопанската комора на Македонија оценува дека бизнис-заедницата треба да има свој активен придонес во процесот на доследно почитување на владеењето на правото. Свесни дека компромисите бараат многу откажувања и повлекуваат големи одговорности на носителите на политичката власт, се обидуваме да бидеме активен чинител во процесот на градење на функционална, демократска, современа, правна држава и да покажеме кои се приоритетите кои треба да се земат предвид, ако сакаме да одиме напред.

Актуелните општествено-политички случувања и предизвици ни ги наметнуваат и прашањата кои треба да бидат во фокусот на нашиот интерес овој период, а тоа се прашањата за поголема правна сигурност, заштита на приватната стопственост, намалување на дискреционите овластувања, сивата економија и корупцијата и пократко траење на административните и судските постапки. Ова се прашања кои итно треба да се решаваат во континуитет и да станат реалност за државата, а минато како барање на бизнисот. 

Дури откако наведените прашања ќе бидат разрешени, Комората ќе може да се профилира како институција која ќе се посвети исклучиво на економските приоритети и прашања што се од интерес за компаниите и ќе претставува мост меѓу образованието и потребите на стопанството и обединувачка сила на бизнис-заедницата во напорите за поголемо  и напредно производство, поголем извоз, дигитализација и техничко-технолошки развој. Тоа се прашањата со кои Комората, како глас на бизнисот, треба да се занимава во иднина.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

2. ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО КАКО ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Владеењето на правото е вредност со универзална важност. „Потребата за универзално почитување и спроведување на владеењето на правото на национално и на меѓународно ниво“ беше одобрено од сите држави-членки на Обединетите нации во Извештајот од Светскиот самит во 2005 година. Владеењето на правото е прогласен за основен принцип на универзално ниво од страна на Обединетите нации. Владеењето на правото, како што е наведено и во Преамбулата и во член 2 од Договорот за Европската унија, е една од основните вредности, за која се должни да се грижат и Европската унија како заедница, но и секоја нејзина членка посебно. Согласно новата рамковна стратегија од 2014 година за зајакнување на владеењето на правото, Европската комисија потсетува дека „принципот на владеење на правото постепено стана доминантен организациски модел на современото уставно право и меѓународните организации за регулирање на остварувањето на јавните овластувања. Во поголем број случаи, државите предвидуваат и посебни одредби за владеењето на правото во нивните национални устави.

Согласно Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок. Истовремено, земјава ги има ратификувано најзначајните меѓународни конвенции и други правни акти кои регулираат определени аспекти на владеењето на правото, меѓу кои и бројните конвенции од оваа област на Советот на Европа, Обединетите нации, а истовремено во континуитет се преземаат активности кои значат усогласување на домашното право во оваа област со правото на Европската унија.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Владеењето на правото се споменува во Преамбулата на Статутот на Советот на Европа како еден од трите „принципи што ја формираат основата на вистинската демократија“, заедно со индивидуалната слобода (слободата на поединецот) и политичката слобода. Затоа, владеењето на правото е едно од трите испреплетени и делумно преклопувачки основни принципи на Советот на Европа, со демократијата и човековите права. Блиската поврзаност меѓу владеењето на правото и демократското општество го истакна и Европскиот суд за човекови права преку различни изрази: „демократско општество кое е засновано врз владеењето на правото“, „Владеење на правото во демократско општество“. Постигнувањето на овие три принципи - почитување на човековите права, плуралистичка демократија и владеење на правото - се смета за единствена и основна цел на Советот на Европа, а со тоа и на сите нејзини членки, меѓу кои и нашата држава.

Имајќи го предвид наведеното, владеењето на правото мора да се примени на сите нивоа на јавната власт во нашата држава, доколку сакаме доследно исполнување на овој принцип во практиката.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Историски гледано, владеењето на правото беше развиено како средство за ограничување на државната (владина) моќ. Човековите права се сметаа за права против упади од страна на носителите на оваа моќ („негативни права“). Во меѓувреме перцепцијата се промени, па владеењето на правото не вклучува само начини како да се ограничи државната моќ, туку и низа други индикатори, кои се и составни компоненти на овој принцип во современите демократски држави.

На меѓународно ниво, барањата и импликациите од владеењето на правото ги одразуваат особеностите на меѓународниот правен систем. Во многу погледи, тој систем е далеку помалку развиен од националните уставни и правни системи. Освен специјалните системи како што е Европската унија, меѓународните системи немаат постојан законодавец и за повеќето случаи нема судство со задолжителна надлежност, додека демократските карактеристики при донесувањето одлуки се сè уште многу слаби. Наднационалната природа на Европската унија доведе до тоа да го развие концептот на владеење на правото како општ правен принцип што го применува и во сопствената структура, како заедница. Според судската пракса на Судот на правдата на Европската унија, владеењето на правото вклучува почитување на прописите, институционална рамнотежа, судска контрола, (процедурални) основни права, вклучително и право на правен лек, како и почитувањње на принципите на еднаквост и пропорционалност.

Составните елементи на владеењето на правото не се ограничени само на правните елементи и фактори. Присуството (или отсуството) на заедничка политичка и правна култура во рамки на едно општество и врската помеѓу таа култура и правниот поредок помага да се утврди до кој степен и на кое ниво на сложеност треба да бидат различните елементи на владеењето на правото, експлицитно изразено во пишаните прописи. Така, на пример, националните традиции во областа на решавањето на споровите влијаат врз конкретните гаранции за фер судење што се нудат во една земја.

 

Важно е дека во секоја држава треба да постои стабилна политичка и правна култура и соодветни параметри, механизми и процедури за владеење на правото, кои треба постојано да се проверуваат, прилагодуваат и подобруваат. Владеењето на правото може да „цвета“ само во земја чии граѓани се чувствуваат колективно одговорни за спроведување на концептот, што го прави интегрален дел од нивната правна, политичка и социјална култура.

                                                                                                         ПРОДОЛЖУВА....

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО