Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
05.09.2019 👁 Прочитано: 790

САМУЕЛ ЖБОГАР, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


Излагање на Тркалезната маса на тема: „Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“, во организација на Стопанската комора на Македонија (26.8.2019 година)

Владеењето на правото е еден од основните принципи на Европската унија и една е од вредностите на Унијата. Секое демократско општество е заедница и се заснова врз правила. Имаме еден општествен договор помеѓу државата и граѓаните кој се заснова на доверба и почитување на правилата. А тие овозможуваат нормално функционирање на општеството.

Државата поставува јасни правила во интерес на граѓаните од една страна, а од друга страна граѓаните ги почитуваат овие правила. И во тој случај има институции посебно од судската област кои следат и претставуваат сигурност дека правилата ќе бидат почитувани и спроведени. Овде довербата е во центарот. Потребно е да има доверба помеѓу сите елементи од овој триаголник држава - граѓани - судство. Сите имаат своја улога.

Граѓаните и` веруваат на државата дека воспоставува фер правила, а дека судството функционира независно и непристрасно. Државата им верува на граѓаните дека ќе ги следат правилата, а судството дека ќе ги спроведува правилата и дека ќе биде независно и непристрасно во нивното спроведување.

Кога граѓаните ќе почнат да чувствуваат дека судството не е еднакво за сите и кога политиката ќе почне да се меша во судството, тогаш се забележува ерозија на системот, ерозија на довербата и ерозија на општество базирано на правила и прописи.

Знаците на оваа ерозија на доверба се развиваат пред нашите очи како што е случајот со вашата земја. Краткорочните политички цели не ги оправдуваат долгорочните штети на општеството.

САМУЕЛ ЖБОГАР, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Судството сега сфаќа дека ја има последната шанса повторно да ја изгради довербата со граѓаните со тоа што ќе биде отворено, ќе има брзи судски процедури. На тој начин може повторно да се изгради довербата во општеството и во политиката но, во случај кога оваа доверба еродира, се разбира, страда бизнисот. Постои јасна врска помеѓу функционирањето на општеството и економскиот развој. Тоа го видовме и овде. Растот застана и падна кога започна кризата, а почна да расте кога се нормализираа односите.

Нормално, постои врска помеѓу владеењето на правото и бизнисот, правилата се тука со цел бизнисот да има фер начин на функционирање кон заедницата и кон своите вработени.

Владеењето на правото за бизнисот значи стабилна и предвидлива бизнис средина. Тоа значи јасно пропишани правила, ефикасни јавни институции кои му помагаат на бизнисот, како и независно и непристрасно судство за да имаме времени и предвидливи разрешници на споровите кога ќе се случат. Меѓутоа,  развојот на ефикасно владеење на правото е процес и бизнисот може да придонесе кон тој процес. Прво, што ќе ги насочат своите редови каде што се зголемува контролата и ќе гледаат каде што има нула корупција и почит за владеењето на правото кај самите бизнисмени. Второ, имаме подготовка кај Владата каде што можат да ги направат законите за да ги отсликуваат потребите на бизнисот. И трето, го имаме и колективниот глас како денес вие што правите - секој еден од општеството да ги почитува своите улоги за да се тргне настрана од судското влијание а економијата да даде придонес кон развој на општеството - е тоа е нашата заедничка цел на враќање на довербата во општеството.  

САМУЕЛ ЖБОГАР, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА