ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
08.10.2019 👁 Прочитано: 203

Меѓународните договори и заедничко вложување за Регионална Економска Област (РЕО)


Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија
Создавањето на целосно функционална РЕО е најважната цел на Берлинскиот процес која треба да се реализира преку активностите што ги спроведува Коморскиот инвестициски форум, за што веќе зборувавме и многупати претходно.

Преку формирање на Регионална економска област во земјите од Западен Балкан, интенцијата е да се создаде поконкурентен регион на глобалната инвестициска мапа, која ќе придонесе и за повисок економски раст во земјите од Западен Балкан, а индиректно ќе биде фактор во обезбедувањето стабилност и развој на целиот регион.

Оваа цел е поткрепена и со минатогодишната студија на ММФ и Светската банка која покажува дека доколку мерките за регионална интеграција биле спроведени, растот во регионот во периодот 2018-2022 би бил повисок од 4% годишно, што ќе резултира со 15-17 милијарди повеќе во номиналниот БДП, регионално, со тенденција за понатамошен раст дури и по 2022 година.

Меѓународните договори и заедничко вложување за Регионална Економска Област (РЕО) Коморите од земјите на Западен Балкан се свесни дека е потребно време за да се почувствуваат резултатите од инфраструктурниот развој, промената на регулаторната рамка, зацврстувањето на владеењето на правото, градењето доверба и градењето на работните односи меѓу владините институции. Но сепак, за процесот на регионална економска интеграција да може целосно да се спроведува, владите во регионот треба активно да работат на планирањето и спроведувањето на агендата за регионална соработка, при што ќе ги земат предвид моменталните фази на усогласување со регулативата на ЕУ и нејзината имплементација, сè уште кревките политички односи во регионот и различните нивоа на економски развој.

Потребно е земјите од регионот активно да работат на поедноставување на царинските контроли и намалување на формалностите коишто се одвиваат бавно, поради причини кои не секогаш се примарно поврзани со економијата. Во секојдневното функционирање бизнис секторот се уште се соочува со големи проблеми во непречено функционирање на протокот на стоки и услуги од една во друга земја во регионот на ЦЕФТА, за што говорат и бројките. Камионите чекајќи на граничните премини во просек губат 26 милиони часови годишно. Тоа нé чини загуби од 1% од БДП и намалување на вредноста на извозот од 1%, односно 7% кога станува збор за земјоделски производи.

Меѓународните договори и заедничко вложување за Регионална Економска Област (РЕО)

Во насока на креирање на РЕО, кон средината на годината беше усвоен и Дополнителниот Протокол 5 на ЦЕФТА, кој ги донесе новите регулативи во царинските операции, како што се: јакнење на соработката меѓу царините и другите контролни органи, преку изградба на заеднички капацитети и воспоставување прекугранична контрола; заедничко регулирање на ЦЕФТА - Рамката за управување со ризик; објавување листа на сите надоместоци поврзани со увозот и извозот на стоки во секоја земја посебно; меѓусебно признавање на Овластен економски оператор и размена на електронски податоци што ќе придонесе за зајакнување и подобрување на анализите за дадениот ризик, како и поедноставување на постапките за царински контроли, намалување на формалностите колку што е можно повеќе, преку брзо ослободување и царинење на стоки, што ќе резултира со намалување на трошоците и времето потребно за спроведување на формалностите. Протоколот 5 вклучува взаемно признавање на статусот на Овластен економски оператор во секоја од ЦЕФТА-земјите, но само доколку националното законодавство на секоја од ЦЕФТА-земјите од дадената област е во согласност со прописите на ЕУ.

Меѓународните договори и заедничко вложување за Регионална Економска Област (РЕО)

Подготвена е и работна верзија од Дополнителниот протокол 6 од ЦЕФТА- Договорот којшто признава либерализација на услугите и се однесува на сите услужни сектори. Во исто време, Протоколот 6 ги почитува принципите за третман на овластени нации, пристап до пазарот и принципот на национален третман. Овој Протокол нема да се применува на мерките што влијаат врз физичките лица кои бараат пристап до пазарот на трудот во дадена земја, ниту пак ќе се применува на мерките што се однесуваат на државјанство, престој или вработување по трајна основа. Во согласност со одредбите на овој Протокол, договорените страни го задржуваат правото да усвојат нови регулативи за да ги исполнат легитимните цели на политиката. Коморскиот инвестициски форум ги охрабрува владите на шесте земји од регионот да го усвојат договорениот текст на Дополнителниот протокол 6, за што побрза имплементација на истиот.

Со цел олеснување на протокот на стоки, ЗБ6 КИФ со претставниците на ЦЕФТА- Секретаријатот и Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ), потпишаа Меморандум за промоција и олеснување на трговијата во регионот на ЦЕФТА. Соработката ќе се фокусира на синхронизација и препознавање на документацијата на граничните премини, што ќе овозможи побрзо прекугранично движење на стоките, промовирајќи го концептот за взаемно признавање на овластените економски оператори (ОЕО), што од друга страна би резултирало со значително зголемен обем на трговската размена, олеснети прекугранични постапки, итн.

Со воведување на унифицирана царинска документација и ефективни царински ИТ системи, ќе се елиминираат и сите нетарифни бариери коишто постојат низ регионот (царински гаранции за потекло, дополнителни ад-хок анализи, посебни ознаки, итн.). За постигнување на оваа цел потребно е да се воспостави систем- владина работна група- во секоја земја, за да ги надгледува, идентификува и елиминира нетарифните бариери со обврска да реагира во рок од 15 дена од барањето на бизнис заедницата.

Меѓународните договори и заедничко вложување за Регионална Економска Област (РЕО)

Шесте земји од регионот на Западен Балкан потребно е забрзано да работат на подобрување на инфраструктурата на граничните премини, со цел за да се овозможи отворање на повеќе порти за премин на камиони и транспортни возила , со што ќе се разграничат премините за камионите со дозвола Т од останатите, итн. Елиминацијата на бариерите за пристап до пазарот на целиот регион, ќе обезбеди подобри и поконкурентни цени за производство но и за пласман на производите на странските пазари.

За процесот на регионална економска интеграција да може целосно да се спроведува, владите во регионот треба активно да работат на планирањето и спроведувањето на агендата за регионална соработка, при што ќе ги земат предвид моменталните фази на усогласување со регулативата на ЕУ и нејзината имплементација , сè уште кревките политички односи во регионот и различните нивоа на економски развој.

КИФ останува во постојана комуникација со владите и со надлежните органи во шесте земји од Западен Балкан, со силна порака дека и по сите досегашни напори и започнати проектни активности, останува целосно посветен на спроведувањето на зацртаната агенда за регионална соработка, којашто треба да биде резултат на заеднички усвоените интереси на сите засегнати страни во регионот кои се однесуваат на развојните приоритети на секоја економија, ставајќи ги во контекст на регионалниот развој, со цел да се создаде глобално конкурентна економска област.