ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
09.10.2019 👁 Прочитано: 207

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ЗА 2018 ГОДИНА ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ


Компаниите од финансискиот сектор - членови на Здружението на финансиски организации, на седницата којашто ја водеше потпретседателот на Здружението, Филип Димитровски одржана на 9.10.2019 година, се запознаа со последниот Извештај за финансиска стабилност на Народната банка на Република Северна Македонија. Како што истакна Милица Арнаудова Стојановска, советник на гувернерот на НБРСМ, финансиската стабилност се задржа во 2018 година, при истовремено продлабочување на нивото на финансиско посредување. Финансиските институции функционираа во релативно поволен домашен амбиент, а ризиците од меѓународното окружување имаа ограничено влијание.

Беа разгледани основните движења на сегментите од финансискиот систем во 2018 година, при што посебен акцент беше ставен на ризиците на кои се изложени финансиските институции при своето работење, но и при меѓусебните односи и активности. Притоа,  Арнаудова Стојановска заклучи дека меѓусекторската поврзаност на одделните институционални сегменти на финансискиот систем и можноста за прелевање на ризиците од еден во друг сегмент се на ниско ниво. Останатите небанкарски финансиски институции имаат прилично мал обем на активности и не претставуваат извор на поголеми потенцијални ризици за севкупната финансиска стабилност во земјата. Поединечното учество на секој од овие институционални сегменти не е повисоко од 1% од вкупната актива на финансискиот систем, а нивното заедничко учество во вкупните средства на финансискиот систем изнесува само 2,2%. Сепак, беше укажано на високиот, двоцифрен раст на активностите на финансиските друштва, друштвата за лизинг, инвестициските фондови и брокерските друштва во 2018 година.

Во останатиот дел од седницата се одржа јавна расправа во однос на Нацрт-одлуката за измена и дополнување на Статутот на Стопанската комора на Македонија, при што Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Комората, ги запозна присутните компании со стратешките правци и цели на коишто ќе се ориентира Комората согласно потребите и барањата на своите членови.

На посебна седница во рамките на Здружението на финансиски организации се формираше Групација на финансиски друштва на којашто беа усвоени Правила за организацијата и начинот на работа, а воедно се избраа и органи на Групацијата.

 

Имено, за претседател на Групацијата е избран Никола Јошевски, директор на „СН Финансии“, а за потпретседатели се избрани Весна Прчковска, управител на ФД „Финансиски кредитен центар БС“ ДОО  - Скопје и ФД „ЕУРО МК“ ДОО - Скопје, како и Филип Димитровски, генерален директор на „Тиго Фајнанс“ – Скопје.

Влатко Стојановски

ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ЗА 2018 ГОДИНА ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ЗА 2018 ГОДИНА ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ЗА 2018 ГОДИНА ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ЗА 2018 ГОДИНА ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ФИНАНСИСКИ ОРГАНИЗАЦИИ