Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
07.11.2019 👁 Прочитано: 205

ЕКСПЕРТС – ЛИДЕРИ ВО ОБЛАСТА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ


ЕКСПЕРТС е компанија која постои 30 години и се занимава со третман на компримиран воздух како заокружен технолошки процес. Во својата палета на производи застапува индустриски компресори, завојни и спирални безмаслени компресори, нископритисни компресори-дувалки-вакум пумпи, индустриска пневматика, вентили за флуиди, алуминиумски цевки и приклучоци, црева за пневматика и флуиди, инокс.

Тимот на ЕКСПЕРТС составен од 14 вработени, нуди (клуч на рака) комплетни решенија од проектирање, до имплементација во производствениот процес на сите индустрии, како и постпродажно сервисирање.

Со својата организациона поставеност и програмска исполнетост (сопствени деловни простории: административни, продажни, магацински, производно-сервисни и испитно едукативни), како и со постојаното инвестирање во усовршување на сопствените капацитети, Експертс ги задоволува и најстрогите критериуми за ефикасно, квалитетно и економично работење.

Основач на Експертс е Диме Матески, дипломиран машиински инженер - искусен и потврден стручњак во областа на техничкиот и маркетиншкиот менаџмент.

Компанијата првично е регистрирана во 1989 година како специјализиран сервис за пневматска опрема за манипулација со масла и мазива под името "Експерт",. Следната 1990 година е регистрирана како специјализирана фирма за сервисно гаражна опрема, а две години подоцна во 1992 со својот раст, усовршување, остручување и вработување на тим од професионалци во својата област прерасне во "Експертс".

Експертс е овластен дистрибутер и сервисер во  Македонија на познатите светски брендови:  CompAir – индустриски компресори, Camozzi – индустриска пневматика.

CompAir – индустриски компресори,
Camozzi – индустриска пневматика

Фирмата Експертс, која е член на Стопанска комора на Македонија, годинава слави 30 години од нејзиното успешно работење во Македонија, кое ќе биде одбележано со  едукативен настан насловен - Како до заштеда на електрична енергија во експлоатација на компресорски системи во индустријата, информираше Емилија Матеска, управител на фирмата во рамки на посетата реализирана со претставници од Стопанската комора на Македонија. 

Перо Авакумовски