Апел за хуманитарна помош во Република Албанија

   

ПОВИК / 27.11.2019
👁 Прочитано: 338


Апел за хуманитарна помош во Република Албанија

Почитувани претставници на бизнис заедницата,

Црвениот крст на Република Северна Македонија (http://ckrm.org.mk/soopshtenie/) изразува сочувство до граѓаните, семејствата и институциите на Албанија, за жртвите од земјотресот. Во исто време, Црвениот крст ја следи состојбата на терен и е во постојан контакт со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Албанскиoт Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор.

Црвениот крст на РСМ донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10 000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош:

Хуманитарна помош

Мерка

Количина

Единечна вредност

Вкупна вредност

1

Вреќи за спиење

ком

500

15 ЕУР

7500 ЕУР

2

Ќебиња

ком

1000

5 ЕУР

5000 ЕУР

3

Монтажни кревети

ком

50

50 ЕУР

2500 ЕУР

4

Пакети со храна

пакет

100

25 ЕУР

2500 ЕУР

5

Пакети со хигиена

пакет

100

25 ЕУР

2500 ЕУР

Вкупно:

20,000 ЕУР

Воедно Црвениот крст ги објавува и телефонските броеви за донации „ 070/075/077 143 400 “ како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност „ 300000001327966 “каде што заинтересирани може да уплатат парични средства

Заинтересирани лица од други земји може да донираат на:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Исто така се понудени тимови за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот. По направените проценки наредните денови Црвениот крст на РСМ дополнително ќе се ангажира за обезбедување на хуманитарна помош.

Одделение за информирање