СИМТ - КОМПАНИЈА СО КОМПЛЕТНИ ИКТ РЕШЕНИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

   

👁 Прочитано: 284


СИМТ - КОМПАНИЈА СО КОМПЛЕТНИ ИКТ РЕШЕНИЈА ЗА ВАШИОТ БИЗНИС

Основана во 1994 година, СИМТ ДООЕЛ Скопје е проектно ориентирана компанија која со примена на најсовремени алатки за информатичка технологија, техники и високо квалификувана работна сила, нуди широко портфолио на производи и услуги.

СИМТ е членка на Стопанската комора на Македонија, фирма која веќе 25 години има искуство во областа на ИКТ инженеринг, консалтинг, изведба и имплементација на решенија (DMS, CRM, ERP, BPM, и др).

Изработуваат високо квалитетни, економични решенија кои ги опфаќаат сите аспекти на работењето и управувањето со деловните процеси на постоечките и потенцијалните корисници,  со што се овозможува натамошна конкурентска предност на глобалниот пазар.

Во секоја фаза на изработка на решенијата вклучуваат строги проверки за квалитет при работа, потврдени со сертификати, изразени преку ISO 9001: 2015 - Систем за управување со квалитет и ISO 27001: 2013 - Системи за управување со безбедност на информации.

Покрај редовно вработениот висококвалификуван работен кадар, за потребите на разни проекти, СИМТ дополнително ангажира и еминентни експерти од земјата и странство.

Константното развивање и стремежот да напредуваат во однос на сегашната позиција на пазарот е основно начело на компанијата. Целосно се посветени на растот и остварувањето на деловните цели на корисниците. Веруваат во работа која почива на принципите на точност и најдобар квалитет. Целта им е да бидат познати како сигурен, иновативен и доверлив партнер за соработка.

По завршувањето на проектите и имплементираните решенија, СИМТ практикува редовно одржување на решенијата. Тоа опфаќа и интервенции на опремата/софтвер на лице место или во просториите на компанијата во гарантен и вонгарантен период, во зависност од реалните потреби на корисникот. Земајќи ги во предвид барањата на корисниците и следејќи ги современите тенденции, компанијата има воведено систем за постојано одржување, истакна генералниот директор г-дин Славчо Деловски, при посетата и разговорот со Лазо Ангелевски, виш советник во Стопанската комора на Македонија, задолжен за работата на Здружението на информатичко комуникациските технологии.

СИМТ нуди експертиза во следниве области: информациски инженеринг, проектирање, изведба, имплементација и одржување на информациски системи, компјутерски мрежи, безбедносни системи, телекомуникациски решенија, енергетски решенија, решенија од областа на индустриската автоматика, целосни решенија од областа на индустриски метал-детектори.

Помеѓу останатите, компанијата опфаќа и сектор во кој во последните 10 години е инвестирано многу и кој ги следи модерните текови на ИКТ во областа на IoТ (Internet of Things). Секторот е посветен на набавка, дизајнирање, изведба, инсталација, пуштање во работа и одржување на сложени хидрометеоролошки системи и решенија, со авотматско прибирање на податоци, нивна обработка, известување, алармирање и автоматско управување на разни активности/акции поврзано со отчитаните и обработените податоци.

Вработените на СИМТ поседуваат бројни меѓународни сертификати од областа на информатичко-комуникациските тенологии, за извршување на претходно наведената експертиза. Со тоа, СИМТ овозможува техничка поддршка и договори за одржување на сложените информациски системи (софтвер, хардвер, ИКТ безбедност, мрежен и апликациски мониторинг) а и на останатите производи од продажната палета.

Заради обезебдување на висок квалитет на своите производи и услуги, во согласност со добрите меѓународни практики (ITIL, ITSM), СИМТ има воводено „help desk“ центар, кој работи 12 часа дневно (и сабота), со што се постигнува висока ефиксност и задоволување на потребите на корисниците.

СИМТ исто така нуди широка палета на програми за одржување прилагодени да ги задоволат потребите и барањата на корисниците. Воедно, се организираат и основни и напредни курсеви во просториите на СИМТ или кај самиот корисник, за оптимална функционалност и користење на продуктите.

Корисници на услугите на СИМТ се повеќе државни органи, организации од правниот систем, од областа на осигурувањето, од образованието и од други области. Сето ова СИМТ го обезбедува со остварување на соработка со врвни меѓународни партнери од областа на информатичко комуникациските технологии.

Посветеноста кон континуиран технички развој, како и корисничка грижа, ги направи една од водечките проектни компании на домашниот пазар. Докажани се со испорака и имплементација на огромен број решенија во изминатите години, како и решенија кои се креираат во кус временски рок, по барање на клиентите. Во текот на работењето се воспоставени стандардни оперативни процедури, воспоставувајќи заеднички процеси за подобрување на перформансите.

Лазо Ангелевски