ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ – ОДРАЗ НА ПОТРЕБАТА ЗА КАДАР ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ

   

ОБРАЗОВАНИЕ / 28.11.2019
👁 Прочитано: 355


ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ – ОДРАЗ НА ПОТРЕБАТА ЗА КАДАР ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ
Наташа Јаневска
м-р Наташа Јаневска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Деновиве, во делот образование, фокусот беше ставен на неформалното образование како можност за обезбедување кадри потребни на бизнис секторот и како овој вид на образование го практикуваат земјите членки на ЕУ, а како во нашата земја. И токму во овој период на Единствениот национален електронскиот регистер за прописи (ЕНЕР) беше поставен новиот Закон за образование на возрасните.

Законот заслужува внимание да се разледа затоа што со него се уредува организирањето, структурата, финансирањето и управувањето на системот на образование на возрасните во кој е опфатен и делот за неформалното образование. Во таа насока неминовно се наметнуваа прашања кои се од суштинско значење за бизнис заедницата и потткнување на понудувачите на образовните услуги да реализираат пазарно ориентирани програми.

Што содржи овој закон, што е слично, а што е различно од постоечкиот закон за образование на возрасните? Дали ќе има измени во процедурите кои имаат ограничувачки фактор во реализацијата на неформалното образование? Дали се земени во предвид предлозите на Стопанската комора на Македонија за поедноставување на процедурите за верификација на посебните програми и за акредитацијата на институциите кои ги реализираат програмите која што ги кажува на сите јавни дебати, состаноци, работилници?

ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ – ОДРАЗ НА ПОТРЕБАТА ЗА КАДАР ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТГледано во поглавјата и членовите на Законот, во првите две поглавја нема никакви новини во однос на предходниот Закон за образование на возрасните. Измените се направени во третото поглавје, насловен како Организирање на понудувачите на услуги за образование за возрасните, во членот 25, во кој е регулирана акредитација на установи и институции за образование на возрасните во делот на скратување на рокот од 60 дена на 30 дена кога министерството треба да донесе решение за акредитација на институцијата. Рокот на донесување на решението се брои од денот кога е поднесено барањето за акредитација на институцијата. Ако ова е навистина така ќе се забрзаа процесот за акредитација на институцијата, но искуството и досегашната пракса покажаа дека овој член не се почитуваше ни досега кога рокот беше 60 дена, па се случуваше решението за акредитација на институцијата да се добие по шест месеци или по една година . Тоа поттикнуваше два проблема:

  1. верификуваната програма да заврши за две години, наместо за три и повторно да се започне со исцрпувачкиот процес и
  2. неможноста да излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата за обезбедување на кадар со обуки за преквалификација и доквалификација на невработените и вработените.

Измени се направени и во делот за проценка на знаењата, вештините и компетенциите стекнати преку посебните програми од страна на комисија што ќе биде доказ за компаниите дека со процесот на преквалификација и доквалификација учесниците навистина ги стекнале соодветните вештини и компетенции.

Четвртото поглавје е комплетно ново поглавје во кое се уредува валидацијата на неформално и информално учење која на лицата им овозможува препознавање и признавање на знаењата, вештините и компетенциите со кои се стекнале преку своето искуство што ќе помогне за нивно полесно вработување од една страна, но ќе им помогне и на компаниите, од друга страна, да дојдат до кадар кој има искуство во работењето. Останатите поглавја се исти како и во предходниот Закон, но сепак хармонизирани и усогласени со Законот за националната рамка на квалификации.

ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ – ОДРАЗ НА ПОТРЕБАТА ЗА КАДАР ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТИ генерално гледано, образованието за возрасните е системски уредено, но од предлозите на Стопанската комора на Македонија е земено само скратувањето на рокот за добивање решение за акредитација на институцијата. Останатото останува да се регулира во подзаконски акти. Можеби така е подобро за да може побрзо да се интервенира во измени доколку се соочиме со проблеми на терен. Но сепак на почетокот, мора да се внимава кој ќе биде вклучен во подготовката на позаконските акти и мора да се земат во предвид предлозите на Стопанската комора на Македонија:

Ø Дизајнирање минимум стандарди и инструменти за квалитет (екстерна комисија за завршен испит за учесниците од обуката; мерење на задоволството на учесниците од обуката, систем за следење на учесникот по завршување на обуката и одземање на правото за реализација на обука врз основа на утврдени неправилности);

Ø Зголемување на времетраењето на верификуваните програми од 3 на 5 години;

Ø Секторска акредитација на установата/институцијата, не според поединечно доставените програми за обука;

Ø Флексибилност на Комисијата за акредитација на установа/институција за образование на возрасните по однос на времето за реализација на увидот и начинот на вршење на увидот за проверка на исполнетоста на условите;

Ø Олеснување на постапката за повторна акредитација на установа/институција;

Ø Вклученост на работодавачите преку Комората во контрола за квалитетот на обуките.

Напомена: Предлозите кои се дадени се одраз на барањата на бизнис секторот, искуството од пракса, но и на релевантни образовни институции кои работат на оваа проблематика.