ИКЕА инвестира во обновливи извори на енергија

   

👁 Прочитано: 219


ИКЕА инвестира во обновливи извори на енергија

IKEAПовеќе од 400 компании, вклучуваќи ги ИКЕА, Х&М, Кока-Кола и Сони, се обврзаа да ја поддржат иницијативата на Обединетите нации за ограничување на глобалното затоплување.

Во таа насока, шведскиот гигант на продавници за мебел ИКЕА вложува 100 милиони евра за поддршка на своите директни добавувачи за да преминат на користење на обновливи извори на енергија.

Сопственикот на брендот „Интер ИКЕА“, планира да вложи и околу 100 милиони евра во проекти за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата преку пошумување и заштита на шумите.

ИКЕА произведува околу 10 % од продажниот сопствен асортиман на производи, додека останатото го набавува од околу 1.100 добавувачи.

Во септември групата „ИНГКА“, која во сопственост ги има повеќето продавници на ИКЕА, презеде обврска да ја надмине својата поставена цел и до 2020 година да произведе толку обновлива енергија колку што самата ја троши.

IKEAКомпанијата веќе го запре производството на уреди без ЛЕД технологија, и постојано се обидува да најде нови прeдизвици во борбата со климатските промени. Од раководството на ИКЕА истакнуваат дека нивниот фокус е насочен кон еколошки и одржлив начин на производство и дистрибуција на производите. Во тој контекст е планот за „нулта “ емисија на дистрибутивните синџири преку користење на електрични возила, но и со други одржливи начини на испорака на производите. Во Индија, за достава веќе се користат рикши на соларен погон.

Инаку, во 2015 година, ИКЕА Малопродажба, бизнис координиран од ИНГКА Групацијата, ја лансира ИКЕА Хоум Солар (IKEA Home Solar), франшиза на ИКЕА на многу пазари. Денес Хоум Солар има понуда за клиенти од седум пазари. Целта е да се направи достапен на 30 пазари до 2025 година.