КАЈ ДАНИ НА ПРВО УТРИНСКО ЧИТАЊЕ

   

👁 Прочитано: 469


КАЈ ДАНИ НА ПРВО УТРИНСКО ЧИТАЊЕ

 

 

Од настаните издвојуваме:

- Во рубриката ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ, нотираме од средбата со првите луѓе на Македонски Телеком. Акцентот при посетата беше ставен на потребата од активно коморско вклучување во креирање на предвидлива регулатива, услогласена со ЕУ. Се бара укинување на парафискални давачки кои се сериозен товар за бизнисот, за кои нема ЕУ-практики. Вклученост и поддршка од бизнис заедницата во даночната реформа и за концептот на минимална плата и разгледување на можностите на проширување на признаените даночни одбитоци и олесувања на компаниите, задолжително поврзано со мерки за намалување на даночната евазија и „сивата“ економија.

Во текстилната компанија НОЕЛ и покрај инвестициите за највисоко ниво на автоматизација на производниот систем, останува проблемот со недостиг на млад и стручен кадар, надополнет со проблемот на големото иселување од државава.

- Д-р Елена Милевска Штребевска, во рубриката НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР, пишува за потребата од ефикасна администрација и фактот дека без брзи и ефикасни административни постапки, без намалување на бирократизацијата и без професионална администрација, не може да одиме напредI

м-р Зоран Јовановски ќе пласира свои видувања за општествено економските случувања што ја одбележуваат неделата што изминува...

- Во АКТУЕЛНО, пишуваме за проектот на УНДП за надградба на системот за регистрација на оружје за кој членките на Групацијата за оружје, опасни и експлозивни материи, пиротехнички средства и опрема за воена и цивилна намена при Стопанската комора на Македонија, ги посочија проблемите кои се појавуваат кај компаниите при регистрација и електронското внесување на оружјето и муницијата во МВР поради некомплетниот шифрарник за внесување.

- Останува уште малку време за пријава за семинарите што следната недела ги организира Едукативниот центар при Комората од даночната област за ситемот на извршување, како и на обуките за exel и управување со процесот на продажба.

- Во рубриката ВЕСТИ, информацијата дека од следната летна туристичка сезона поевтинува роамингот со Грција, согласно соработката со дел од операторите кои функционираат во двете земји.

 

Веб порталот на Стопанска комора на Македонија е вашиот прозорец кон Бизнисот. Огледало на сите стопански и економски случувања.