Поради корона вирусот откажан најголемиот Саем за мобилни телефони во светот, кој требаше да се одржи од 24 до 27 февруари во Барселона
➤ Актуелно (13.02.2020)
👁 Прочитано: 588



Поради корона вирусот откажан најголемиот Саем за мобилни телефони во светот, кој требаше да се одржи од 24 до 27 февруари во Барселона

Најголемиот Саем за мобилни телефони во светот „Мобајл ворлд конгрес“ (Mobile World Congress) е откажан поради корона вирусот. Извршниот директор на организаторот, Џон Хофман, изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона.

– Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата-домаќин, „ГСМА“ го откажа Саемот „Барселона 2020“ затоа што глобалната загриженост за појавата на корона вирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот. Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот, – изјави  Хофман, пренесува „Врџ“.

Одделение за информирање