ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВАЖЕН ФАКТОР ЗА ПРОДУКТИВНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

   

👁 Прочитано: 650


ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВАЖЕН ФАКТОР ЗА ПРОДУКТИВНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

„Инвестицијата во знаење ги исплаќа најдобрите камати“, рекол Бенџамин Френклин. Оваа мудра мисла честопати се поврзува со фамозниот дијалог на Петер Бејклунд во кое финансискиот менаџер го запрашува извршниот директор: „Што ќе се случи доколку инвестираме во нашите вработени и тие не` напуштат?“, а извршниот директор возвраќа: „А што ќе се случи доколку не инвестираме, а тие останат?“

Ваквата парадигма говори многу за стратешките определби на компаниите и нивната долгорочна визија за раст и развој на компанијата, следени со инвестирање во знаењето на вработените. И покрај технолошкиот развој и трансформација на работните процеси, значењето на човечките ресурси како важен фактор на продуктивност во компанијата се` уште има големо значење.

Mihajlo donev 
Михајло Донев, Стопанска комора на Македонија

Изминатата недела Центарот за едукација и развој на човечки ресурси (10-14.02.2020 година) реализира семинар на тема: „Маркетинг низ социјални медиуми – маркетинг пристапи со користење на SEO за мал бизнис“ во насока на подобрување на имиџот на компаниите преку употреба на нови и иновативни модели на маркетинг кои придонесуваат за значајно унапредување на растот на компанијата, генерирајќи нови клиенти и нов сегмент на пазарот.

Што следува?

... Семинарите за оваа недела ќе дадат одговор на различни таргет групи за прашања кои се однесуваат на нивното работење од областа на законската регулатива, но и дигиталните вештини потребни за унапредување и поефикасно завршување на работните активности, со цел градење квалитетен кадар во нашите компании.

За повеќе информации од областа на едукативните настани можете да се информирате на овој линк

Михајло Донев