ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА ВО ПРОИЗВОДНИОТ ПРОЦЕС - УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 1397


ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА ВО ПРОИЗВОДНИОТ ПРОЦЕС - УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

Повеќе од 20 години компанијата „Наматекс“ се вбројува во редот на подобрите компании од текстилната индустрија во Валандово, како во поглед на остварувањето на планските задачи, така и во поглед на постигнатите производствени и деловни резултати од работењето. Во сите овие изминати години од своето постоење, како резултат на современата организација на работа, рационалното користење на постојните ресурси, навременото и целосно извршување на зацртаните планови, компанијата достигна ниво на целосна искористеност на капацитетите, а квалитетот на производите обезбедува сигурен пласман на пазарите во странство. Од самиот почеток компанијата е специјализирана за производство на џинс и панталони, со месечен капацитет на производство од 10.000 производствени единици, каде најголем дел од производите се пласираат на европскиот пазар.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА ВО ПРОИЗВОДНИОТ ПРОЦЕС - УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈАДиректорката на компанијата, Весна Коневска, потенцираше дека унапредувањето на производствениот процес, напорите во остварувањето на утврдените задачи се темел во работење на компанијата. Во разговорот беа отворени голем број прашања кои ја оптоваруваат текстилната дејност, како недостиг на стручна работна сила, што се провлекува со години наназад, незаинтересираноста кај младата популација за работа во оваа индустрија, малата продуктивност во производството, како и проблемите околу последното зголемувањето на минималната плата.

-Неопходно е повторно враќање на делот на нормиран учинок за производството, кој ќе биде услов за зголемување на продуктивноста во производниот процес, а со самото тоа и остварување на делот за минимална плата кој би го заработиле и самите работници,  - истакна Конеска.

Сашо Деспотоски