Интегритетот, ефикасноста и задоволувањето на клиентите се основа на функционирањето на „ПЕРПАРИМИ“ ДООЕЛ - Кичево

   

👁 Прочитано: 1793


Интегритетот, ефикасноста и задоволувањето на клиентите се основа на функционирањето на „ПЕРПАРИМИ“ ДООЕЛ - Кичево

Компанијата „ПЕРПАРИМИ“ ДООЕЛ од Кичево е основана во 1998 година  вршејќи широк спектар на дејности од градежништвото. Во текот на работењето перманентно се залага за безбедно, квалитетно и навремено завршување на секој склучен договор, следејќи ја и доследно применувајќи ја домашната и меѓународната законска регулатива. Интегритетот, ефикасноста и задоволувањето на клиентите се појдовните основни на кои компанијата успешно функционира  од своето основање до денес.

При посетата на компанијата разговаравме со сопственикот Касум Реџепи за успешна реализација на сите проекти и нивните фази, кој нагласи дека успехот е секогаш проследен со предизвици кои се решавани со труд, професионалност и истрајност. Во тој контекст, посебно беа нагласени процедурите за издавање на одобрение за градење на различните видови објекти, чие времетраење не е кратко, поради што за завршување на започнатите активности е потребна висококвалитетна подготвеност на тимот и на самите проекти.

„ПЕРПАРИМИ“ ДООЕЛ има тим од професионалци со различен профил: градежни инженери, архитекти за проектирање, контрола и изведување, сметководители, правници и слично.

Во повеќегодишното постоење претпријатието има реализирано значајни активности во дејностите: градежништво, проектирање, надзор и изведба на градежни објекти од високоградба и нискоградба, како и градежни активности на меѓународни и локални патишта.

Продажбата на станови е исто така важна активност од низата услуги што компанијата ги врши за потребите на клиентите, водејќи сметка квалитетно да се одговори на очекувањата на клиентите преку нудење на квалитетни простори за живеење, со склучување договори прифатливи како за фирмата така и за заинтересираните купувачи.

Дијана Лазороска Јованоска