ЈАКИМОВСКА: ПРИЛЕПСКОТО СТОПАНСТВО НЕ ОТПУШТА РАБОТНИЦИ

   

АКТУЕЛНО / 23.03.2020
👁 Прочитано: 546


ЈАКИМОВСКА: ПРИЛЕПСКОТО СТОПАНСТВО НЕ ОТПУШТА РАБОТНИЦИ

Прилепските фирми не ги отпуштаат работниците. На принуден платен одмор се прилепчани кои работат во компанијата „Кромберг и Шуберт“. Помагаме каде е најпотребно, а се преструктуираме за работа на заштитни средства, изјави денеска претседателот на Регионалната комора со седиште во Прилеп, Ирена Јакимовска.
Според Јакимовска компаниите во Прилеп не отпуштаат работници, а ги поздравуваме мерките на Народна банка за одложување на ратите на кредитите на правните и на физичките лица што значи поддршка на ликвидноста на компаниите.

-Во овој момент нема испуштања од работа на вработените во прилепските компании. Единствено што на принуден одмор се вработените прилепчани во компанијата „Кромберг и Шуберт“ кои немаат репроматеријали . Во „Комфи Ангел“ нема да има отпуштање на вработените и очекувам тоа да го следат другите компании. За предложените мерки за стопанството дополнително на ниво на Стопанска комора на Македонија ќе се разговара, сѐ е во предлог-фаза, но најбитно што го поздравуваме се мерките на Народната банка е одложувањето на враќањето на главнината од кредитите на правните и на физичките лица во земјава. Тоа ќе го поддржи најнеопходното во овој момент -ликвидноста на компаниите, истакна Јакимовска.

Превземено од: МИА.МК