ЕСТОНИЈА БЕСПЛАТНО ГИ НУДИ СОПСТВЕНИТЕ ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ДРУГИ ЗЕМЈИ

   

👁 Прочитано: 249


ЕСТОНИЈА БЕСПЛАТНО ГИ НУДИ СОПСТВЕНИТЕ ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ДРУГИ ЗЕМЈИ

Естонија најави дека има волја да ги сподели своите алатки за дигитално образование за да ги поддржи образовните системи на другите земји за време на кризата со коронавирусот.

Иницијативата е поддржана од „Стартап Естонија“ и соорганизирана со естонското Министерство за образование и истражување, Естонскиот сојуз на образовни технолози, образовниот фонд „Добро дело“ (Good Deed), „Иннове“ (центар за образовни способности), Информатичко-технолошката фондација за образование и „Образовна нација“ (Education Nation).
Почнувајќи од 16 март, сите школски згради во Естонија се затворени, а наставата и учењето е потполно преместено на интернет.

„За време на појавата на КОВИД-19, дигиталното школување е единствената опција“, изјави Март Лајдметс, генерален секретар на естонското Министерство за образование и истражување. „Во Естонија, ИКТ работи за образованието, имаме бројни решенија коишто целосно се прилагодени за учење на далечина. Подготвени сме да ги споделиме најдобрите практики и решенија на Естонија со земјите што имаат потреба. Сепак, пружање образование е од суштинско значење за одржливо општество“, додаде тој.

Прибор со алатки

Поради општото усвојување на дигиталните технологии, образовниот сектор во Естонија има прибор со алатки коишто поддржуваат учење на далечина. Алатките обично заеднички се создаваат помеѓу училиштата, универзитетите и компаниите.

„Одреден број на алатки е подготвен за меѓународна употреба, а компаниите коишто ги развиваат овие алатки, исто така срдечно се согласија да ги поддржат другите земји во нужда“, рече Мерт Аро, соосновач на Европската алијанса за образовни технологии (EdTech Alliance). „Намерата на оваа иницијатива е да поддржи учење и работа на далечина во образовниот сектор во времиња на криза. Целта на овие решенија е да го зголемат друштвениот аспект на учењето на далечина и да направат сѐ за да ги мотивираат учениците“.

Во моментот, компании како 99math.com, Lingvist.com, Clanbeat.com, Speakly.me, ALPA Kids и DreamApply.com се придружија на иницијативата да ги понудат своите решенија бесплатно.
Целосната листа на меѓународно достапни решенија што се дел од иницијативата е достапна тука и ќе се ажурира со текот на времето.

Примери на решенија

• Математичката платформа 99math.com разви посебна верзија за да ги спои учениците виртуелно, ја нуди бесплатно и ќе организира дневни веб-семинари (вебинари) за учители.
• Решението за онлајн прием на студенти DreamApply.com, што е водечко во Европа, пушта во    употреба работен систем за дигитален прием и работа од далечина за високообразовни институции   којшто брзо се поставува (2-3 дена) и е бесплатен за употреба оваа пролет и лето.
• Апликацијата за учење јазици Ligvist.com бесплатно ја отвора платформата за училиштата до   крајот на училишната година, додека трае принудното домашно школување што е предизвикано од   турбулентните времиња поради коронавирусот.
• Виртуелната професорска канцеларија Clanbeat.com бесплатно ги нуди своите услуги до крајот на   училишната година и ќе организира вебинари за да им помогне на училиштата да изградат силни   виртуелни заедници меѓу својот наставен кадар.
• Tutor.id ги поврзува туторите и учениците за сите предмети – и училишни и меки вештини. За да   помогне во борбата против КОВИД-19, Tutor.id се откажа од сите надоместоци до крајот на   училишната година.
• Софтверот за грижа на деца „Елиис“ нуди бесплатна претплата и онлајн обука до крајот на   летото за сите претшколци што сакаат за започнат со употреба на „ЕЛИИС“.
• Иновативната апликација за учење јазици Speakly.me бесплатно ги отвора своите веб- и мобилни   апликации за училиштата до крајот на училишната година.
• eKool, систем за управување со училиште, нуди бесплатна претплата за нови училишта до крајот на училишната година.
• ALPA Kids, платформа за рано образование, исто така ја нуди својата содржина бесплатно.

Компанијата е расположена и да ја локализира содржината за која било земја со соодветен партнер.