ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НЕМА ДА ИМА

   

👁 Прочитано: 4035


ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НЕМА ДА ИМА

Сашо Наумоски, Здружение на земјоделство и прехранбената индустрија (Витаминка АД Скопје)

- Суровините се заглавени на граница и се чекаат дозволи од санитарната инспекција. Фабриките имаат одредена залиха за месец дена, но доколку се доцни со испораките сите од прехранбениот сектор ќе бидеме погодени. Покажуваме спремност и да не ги покачуваме цените и покрај промена на  увозните цени на суровините. Се придржуваме на ценовникот кој е утврден официјално во компанијата.

Во ова „невреме“, каде секој од нас стравува за својот живот, добро за сите нас е да се увериме колку е важно домашното производство.
Колку се важни домашните македонски компании. Ние сме тука, и во добро и во лошо. Немаме друга земја да се грижиме за неа! Сите заедно тука, ја делиме истата судбина, се грижиме за нашите најблиски, за нашите роднини, вработени, соседи, сограѓани. На прв ваков проблем некои земји, чии  производи се застапени кај нас, ги затворија границите за брашно, масло, шеќер, лекови... без нималку грижа. Ние до крај ке се трудиме, да ги задржиме сите вработени, да не намалиме плати, да немаме пад на приходи, за да не дојдеме во ситуација да аплицираме за помош.