КОВИД-19 сериозно влијае врз деловните субјекти низ целиот регион на Западен Балкан

   

➤ АКТУЕЛНО (22.05.2020)
👁 Прочитано: 402


КОВИД-19 сериозно влијае врз деловните субјекти низ целиот регион на Западен Балкан

Стопанската комора на Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум соработува со Организацијата за економска соработка и развој (OECD) во спроведувањето на анкетно истражување за ефектите предизвикани од кризата поврзана со коронавирисот КОВИД-19 врз деловниот сектор од подрачјето на Западен Балкан.

Анкетата има за цел да се постигне подобро разбирање за предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти и ефективноста на досегашните владини мерки за поддршка, за да се намали влијанието од пандемијата. Резултатите од анкетата ќе бидат вклучени во Студијата која  OECD ја изготвува за Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот Процес во 2020 година, и ќе бидат искористени за обезбедување на поддршка за креаторите на политики за соодветно формулирање на мерки за обезбедување на економското закрепнување во регионот на Западен Балкан. Со издвојување на 5 минути за пополнување на ова анкетно истражување, ќе придонесете за остварувањето на овие цели.

Анкетата, која ќе биде отворена до 6 јуни, е достапна на следниот линк - https://survey.oecd.org/index.php?r=survey/index&sid=917778&newtest=Y&lang=en

Ви благодариме за соработката!