СО КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ОД ИНДУСТРИЈАТА

   

➤ Актуелно (23.06.2020)
👁 Прочитано: 1262


СО КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ОД ИНДУСТРИЈАТА

Испорачана опремата за лабараторија за испитување на печки на палети во Раде Кончар ТЕП набавена во рамки на проектот Технолошка екстензија 

Зголемување на конкурентните предности на компаниите пред се зависи од нивните технолошки капацитети, воведување на нови одржливи технологии и процеси кои ке обезбедат производство на нови или подобрени производи со додадена вредност задоволувајки ги пребирливите барања на компаниите од европските и светски пазари. 

Стопанската комора на Македонија преку Инструментот на Фондот за поддршка на кофинансирани грантови за технолошка екстензија обезбеден од Светска банка во рамки на проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извосно ориентираните МСП“, ја реализираше првата набавка и инсталирање на софистицирана и модерна опрема за лабараторија за испитување за печки на пелети во компанијата Раде Кончар ТЕП, со што низ конкретени примери ги спроведовме нашите определби за континуирана наша подготвеност да ги ставиме на располагање сите наши капацитети во функција на поддршка на компаниите. 

Како лидер на пазарот, со своето 70 годишно постоење Раде Кончар ТЕП е една од водечките компании во металопреработувачката и електро-индустрија како во Македонија така и во регионот, континуирано развивајќи се во насока на креирање на нови иновации и на нови производи, воведувајки иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија. 

Неоходноста од поседување на лабараторија за рутински и функционални испитувања. на печките на пелетипроизлезе како потреба од длабинските дијагностики направени во компанијата иод планот за инвестиции со цел подигање на нивната конкурентна предност на странските пазари. 

Потребата од исполнување на сите аспекти пропишани во најновите стандарди за производство на печки, кои се однесуваат на ефикасност на печката, потрошувачка на пелети, излезната темепратура и најбитно количината на штетни издувни гасови од работата на печката ја наметна потребата од набавка на опрема за лабараторија која континуирано ќе ги мери перформансите на печките наменети како производ за европските пазари. Најновите високи стандарди за ваков тип на производи бараат континуирани испитувања на секоја печка.

Испитувањата кои во моментов се бараат на европскиот и светскиот пазар, без поседување на таква лабараторија не може да се обезбедат, со што пазарот на печките се сведува само на домашниот пазар. Раде Кончар ТЕП со набавка на опремета за лабараторија ќе се позиционира како компанија која поседува најсофистицирана опрема од ваков тип не само во држават туки и во регионот и пошироко. 

Истражувањата покажаа дека индустриската и извозната структура на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор како индустриски гранки со силен развоен потенцијал за македонската економија и фокус сектори во рамките проектот е ниско диверзифициранa (мал број на извозни производи), при што, нивото на продуктивност и извозна софистицираност е неповолна (во постоечката структура доминантно учество имаат производни со ниска додадена вредност и мала комплексност). 

Со проектните активности од втората фаза на Проектот „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извосно ориентираните МСП“ продолжуваме понатака и во следниот период ќе следат активностите и испораката на другите машини и опреми за компаниите вклучени во проектната поддршка која има за цел да ги подобрат извозните капацитети на компаниите со воведување на нови софистицирани технологии Продолжуваме!!!

Јадранка Аризанковска