Глобалната продажба на Тојота во мај опаднала за 34 отсто поради пандемијата

   

➤ Вести (29.06.2020)
👁 Прочитано: 515


Глобалната продажба на Тојота во мај опаднала за 34 отсто поради пандемијата

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота Мотор“ соопшти дека неговата продажба на возила во мај е опадната за 34,1 отсто во однос на истиот период од минатата година,  609.460 парчиња поради глобалната пандемија на коронавирус, јави ДПА.

Групацијата „Тојота“, во која се вклучени „Дајхатсу Моторс“  и „Хино Моторс“, исто така, соопшти дека глобалното производство и опаднало за 56,5 отсто, на 408.842 возила, бидејќи привремено ги затворила своите погони во многу делови на светот за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Јапонската мултинационална компанија очекува нејзината глобална продажба на возила за тековната финансиска година до март 2021 година да опадне за 14,9 отсто на 8,9 милиони парчиња, пренесе ДПА.