Барање за прибирање на понуди
➢ ОГЛАС (31.08.2020)
👁 Прочитано: 2775



Барање за прибирање на понуди

Б А Р А Њ Е

за прибирање на понуди бр. 08-1012/1

Стопанската комора на Македонија за потребите на Проектот ,,Образование за вработување во Северна Македонија” ги повикува квалификуваните ИТ фирми кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија, да поднесат понуда за проектот: Изработка на апликативен софтвер за електронски систем за поврзување на верифицирани компании и средни стручни училишта.

Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 31 август 2020 година на e-mail: natasa.janevska@mchamber.mk и mihajlo@mchamber.mk.

Понудите треба да бидат доставени најдоцна до 14 септември  2020 година (понеделник), до 15 часот, во архивата при Стопанската комора на Македонија на ул. ,,Димитрие Чуповски” бр. 13, Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.
 

Служба за информирање при Комората