Синџирот за „онлајн“ трговија „Филипкарт” отвора 70.000 нови работни места во пресрет на празниците во Индија
➢ Актуелно (16.09.2020)
👁 Прочитано: 236



Синџирот за „онлајн“ трговија „Филипкарт” отвора 70.000 нови работни места во пресрет на празниците во Индија

Големиот индиски пазар на кој дејствува синџирот за „онлајн“ трговија „Филипкарт”, чиј мнозински сопственик е американскиот „Волмарт”, најави отворање на нови 70.000 работни места. Поради големата побарувачка, од оваа компанија планираат да вработат што е можно повеќе доставувачи и други работници со цел подготвено да го дочекаат „онлајн“ купувањето во текот на сезоната на празниците во Индија.

Покрај „Филипкарт“ и „Амазон“ и „Рилајанс индустрис“ се натпреваруваат за делот во растечката „онлајн“ малопродажба која доживеа огромен пораст откако почна пандемијата поради корона вирусот, имајќи предвид дека се’ повеќе индијци ги користат своите телефони за купување намирници и останати производи.

Компанијата планира да  пријави и повеќе од 50.000  мали продавници за кратки дистанци на испорака.

Истовремено со креирање на директни можности за вработување во сите синџири на „Филипкарт“, кои вклучуваат доставувачи, пакувачи и сортирачи на разни производи, ќе се создадат и дополнителни индиректни работни места на локациите на партнерите на „Филипкарт“ и локалните работилници.

Служба за информирање при Комората