ИЗВОЗ ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19
➢ Актуелно (16.10.2020)
👁 Прочитано: 811



ИЗВОЗ ВО ВРЕМЕ НА КОВИД-19

Светската трговија беше ставена пред нов предизвик изминатиот период, а глобалната пандемија дополнително се рефлектираше врз работењето на извозно ориентираните компании, нарушувајќи ги годишните планови на компаниите и присуството на трети пазари.

При отежнати услови, компаниите беа приморани да размислуваат неконвенционално и со примена на новите технологии да ја осигураат својата позиција на пазарот, да обезбедат непречен тек на редовните активности и на тој начин да создадат можности за нови партнерства и настапи на нови пазари. 

Хосеп Бертран (Josep Bertrán), меѓународен експерт и професор по меѓународен маркетинг на Универзитетот во Барселона, во рамки на „онлајн“ семинарот: „Како да се идентификуваат можностите за извоз на меѓународниот пазар во време на КОВИД-19?“ ќе го сподели своето консултантско искуство за европскиот пазар, неговите специфики и извозот на овој пазар. Во рамки на предавањето, Бертран ќе даде одговор на следните прашања: 

• Како да се најдат нови пазари и како да се привлечат нови клиенти во времето на новото нормално?   

• Дали се променети навиките за купување, потрошувачката и дистрибуцијата во ЕУ? 
• Кои се промените во логистиката на испорака и достава?
• Што треба македонските компании да направат за успешно да извезуваат?

Стопанската комора на Македонија како најголема и најбројна бизнис асоцијација, во соработка со „Матрона Конс“, консултантска компанија и ексклузивен застапник на „RGX“ – глобален лидер во меѓугранична соработка на мали и средни претпријатија, како организатори на овој настан, за првпат пред македонските компании ги носат светските искуства во областа на креирање на извозна стратегија за компаниите.

Доколку Вашата стратегија и визија се насочени кон интернационализација на Вашето работење и поголемо присуство на меѓународниот пазар, овој семинар претставува извонредна можност за реализација на Вашите цели и планови.

Повеќе информации за „онлајн“ семинарот кој ќе се одржи на 21.10.2020 година можете да најдете тука

 

 

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Македонија