Брендот „Грин машинс“ на велешки „Брако“ препознаен квалитет во светот
➢ Актуелно (25.08.2020)
👁 Прочитано: 1735



Брендот „Грин машинс“ на  велешки „Брако“ препознаен квалитет во светот

Брендот „Грин машинс“ на велешки „Брако“, од 2017 година целосно е во нивно производство, а од 2019 година за потребите на овој бренд е формирана и нова фирма „Грин машинс Велес“, со целосно откупени интелектуални права, патенти, од шкотската компанија „Грин машинс“.

Најголем дел од производството на овие машини се извезува во Амстердам, Париз, Рим,  се користат и за чистење на Бакингамската палата, плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан, улиците на Сингапур и Тајм сквер во Њујор, а моментално акутелни се со нарачката за потребите на кралските палати во Тајланд.

Годишно во „Брако“ се произведуваат по 200 вакви машини, од кои три модели се „зелени машини“, две работат на дизел погон, еден е електрично возило. Двата модела кои се на дизел се 636 модел и механички свипер, а во моментов работат на развој на возило на хидроген, прво вакво во Европа и нов механички свипер за одржување хигиена на јавни улици.

„Брако” Велес е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и е активно вклучена во работата на органите и телата на Комората.

 

Служба за информирање при Комората