Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), упатува повик за програма за поддршка на “старт-ап” бизниси
➢ Актуелно (13.09.2020)
👁 Прочитано: 487



Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), упатува повик за програма за поддршка на “старт-ап” бизниси

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), упатува повик за програма за поддршка на “старт-ап” бизниси. Како што информираат од банката, повикот е наменет до сите иновативни “старт-ап” бизниси со висок потенцијал за раст. Европската банка за обнова и развој преку StarVenture програмата која е финансирана од Министерството за Финансии на Луксембург, помага на “старт-ап” бизниси од Западен Балкан преку советување, менторски програми, пристап до финансии, како и меѓународно вмрежување.


За повеќе информации посетете ја страната: https://www.ebrd.com/starventure/start-ups, каде за програмата можете да аплицирате најдоцна до 30 септември 2020 година.

 

Служба за информирање при Комората