„ВИТАМИНКА“ ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАП ДО ПЛАТФОРМА ЗА ПОМОШ ПРИ ОНЛАЈН УЧЕЊЕ ЗА ДЕЦАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ
➢ Актуелно (16.10.2020)
👁 Прочитано: 426



„ВИТАМИНКА“ ОБЕЗБЕДИ ПРИСТАП ДО ПЛАТФОРМА ЗА ПОМОШ ПРИ ОНЛАЈН УЧЕЊЕ ЗА ДЕЦАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Со цел олеснување на образовниот процес, „Витаминка“ за своите вработени кои имаат деца вклучени во онлајн наставата, обезбеди премиум пакети (претплати) за пристап до JetMinds.org-првата и најнапредна едукативна платформа во државата.

Од самиот почеток на кризата со корона вирусот фокусот на менаџментот на „Витаминка“ е насочен кон заштита на вработените и на нивните семејства. Покрај останатите активности и преземени чекори, посебно во овој период, согледувањето со какви предизвици се соочуваат родителите и децата при спроведување и одржување на континуиран образовен процес, беше причина за обезбедување на JetMinds платформата како помош и дополнување на образованието .

Оваа платформа нуди квалитетно дополнително образование за ученици во основно и средно. Материјата е подготвена од селектирани професори од универзитети, како и од најдобрите училишта во Македонија и истата ја следи и дополнува официјалната програма. Со користење на функционалната платформа учениците имаат неограничен пристап до лекции, можност за решавање задачи, учење и увид во аналитика – колку знае и колку учат децата. Во таа насока е корисна алатка за учениците и за родителите, особено во семејства каде родителите се вработени.

Грижата за вработените и за нивните семејства „Витаминка“, која е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија и присутна во сите органи и тела на комората, ја искажува континуирано, посебно во текот на здравствената криза, овозможувајќи начини и реорганизација на работниот процес со цел дополнителна заштита и обезбедување безбедни услови за работа.

Служба за информирање при Комората