„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Конференција

PL (Private label)во FMCG, B2B средби и купувачка мисија: Клуч до успех или стратегија за преживување?

08.08.2024 - 19.11.2024 , Конференција

Хотел Crown Plaza, Белград, Србија

Јадранската бизнис академија (Adriatic Business Academy) во партнерство со Стопанската комора на Северна Македонија преку Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција” на УСАИД, Ве поканува да земете учество на Регионалната конференција-PL (Private label)во FMCG, B2B средби и купувачка мисија: Клуч до успех или стратегија запреживување? кои ќе се одржат на 18 и 19 ноември 2024 година, во Белград, Србија.

Настанот претставува одлична можност да се пронајдат купувачи/соработници, да се освојат нови пазари, да се споделат искуства со најдобрите PL менаџери; сопственици на трговски ланци, како од регионалните така и од светските експерти од оваа област, како да се освојат нови пазари и да се прошири бизнисот во останатите земји од Западен Балкан и Централна Африка. На настанот ќе земат учество над 10 регионални синџири за малопродажба, повеќе од 15 локални синџири на малопродажба и повеќе од 10 дистрибутивни компании.
Конференцијата ќе донесе искуства, препораки од експерти, како и статистички податоци од Европа и од регионот.
 
На конференцијата ќе бидат опфатени следните теми:
           

Ø Брендирање на производ;

Ø Производство на приватна стокова марка PL;

Ø Преговарање со купувачите

 ПРВ ПАТ ВО АДРИАТИК РЕГИОНОТ
 

Пазарот постојано се менува, трговските синџири постојано ги унапредуваат своите понуди и системи за работа, дисконтите се повеќе наликуваат на супермаркети, а уделот на приватните стокова марка расте со голема брзина. Откријте ги најновите информации од индустријата од искусни експерти.

 
 ШТО ДОБИВАТЕ?  

Ø 1 ноќевање за 2 лица од иста компанија во Хотел „Crown Plaza“ - Белград (вклучено двокреветна соба со појадок) учество на конференцијата за приватни трговски марки и B2B средби, 15 организирани состаноци со потенцијални купувачи, организирана вечера и вмрежување со деловни партнери. Цена на пакет: € 2.500.

ПРОМОТИВЕН ПАКЕТ ЗА ПРВИТЕ 7 ПРИЈАВЕНИ КОМПАНИИ од € 1.250
 

Ø Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со УСАИД преку проектот за „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“ покрива 50% од цената на пакетот за првите 7 пријавени компании;

Ø Овие компании ќе треба да го покријат трошокот од € 1.250 кон главниот организатор Adriatic Business Academy.

Ø Предност имаат домашни мали и средни извозно ориентирани компании;

Ø Принципот на пријавување е прв дојден, прв услужен.

 Последен рок за пријавување 23.08.2024 година.
 
 КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?           

Ø Пополнете го формуларот за изразување интерес за учество на Конференцијата и B2B средбите, кој е даден во прилог и доставете го;

Ø Склучување на договор со организаторот и Комората за покривање на средствата;

Ø Уплатата на средствата кон организаторот е до 16.09.2024 година, за да се гарантира организацијата на средбите со таргетирани купувачи и бизнис партнери. Информација за начинот на плаќање ќе добиете по доставување на пополнет формулар.