„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

УПРАВУВАЊЕ СО РАЗВОЈОТ НА СОФТВЕРИ – ТЕСТИРАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОДУКЦИЈА Датум: 24-25.9.2024 година

30.08.2024 - 24.09.2024 , Семинар

„онлајн“ семинар / Webex

Развојот на софтвер претставува двигател за развој, иновации и конкурентност. Во изминатите години развојот на софтвер ја издигна ИТ индустријата, а голем дел од компаниите се фокусираа и кон извоз на софтвер и ИКТ услуги и надвор од границите на домашната економија. Оттука целосниот процес на развивање на софтверско решение е од особена важност за да се осигура испорака на производ кој има голема вредност за клиентот и корисниците, гарантирајќи дека се запазени сите фази и чекори од генерирање на барањето со потребните функционалности, до развој, тестирање и испорака до клиентот.

За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија на 24 и 25 септември 2024 година организира дводневен „онлајн“ семинар на тема УПРАВУВАЊЕ СО РАЗВОЈОТ НА СОФТВЕРИ – ТЕСТИРАЊЕ И ПУШТАЊЕ ВО ПРОДУКЦИЈА“.

Во рамки на семинарот ќе биде разгледан конкретен развој на нови или измена на постоечки софтверски решенија. Детално ќе бидат разработени сите процеси кои се важни како што се процесот на управување со измените (развој), тестирање и пуштање во продукција. Накратко ќе биде анализирана врската помеѓу овие процеси со други значајни ИТ процеси како што се управување со настани, инциденти, проблеми итн. Ќе бидат обработени и барањата и одговорностите кои се неопходни за да би се овозможила независност при развој, тестирање и пуштање во продукција.

На дводневниот „онлајн“ семинар ќе се направи преглед на сите фази и дијаграмот на процесот, ќе се согледа значењето и улогата на ИТ при развојот или измената на софтверските решенија, улогите и одговорностите на вработените (RACI матрица) и начинот на документирање на процесите. Учесниците ќе имаат можност да ги согледаат основните тестирања кои се неопходни за осигурување дека решението кое се пушта во продукција ги задоволува потребните квалитети (Quality Assurance), истовремено ќе се запознаат и со следните чекори кои ќе треба да се преземат во насока на подготовка на софтверското решение за успешно пуштање во продукција во закажаниот термин.

Секој процес детално ќе биде соглeдан од повеќе аспекти, како што се интерен и екстерен развој, развој за потребите на друга компанија (аутсорсинг) и изнајмување на ресурси потребни за развој (аутсорсинг лица). Ќе се посвети внимание и на основните безбедносни барања кои на софтверското решение покрај функционален и оптимален дизајн би му гарантирале и безбедност.

Семинарот е наменет за ИТ менаџери во компаниите, раководители и вработени во ИТ сектори кои се задолжени за развој на софтвер, тестирање на функционалности и квалитет на софтверот, како и ИТ поддршка, ИТ сервис менаџери и ИТ проект менаџери, вработени во службите за безбедност на информационите системи, интерни и екстерни ревизори, вработени кои работат на развој на софтвери, деловни и клиентски апликации, лица задолжени за управување на процесите на екстернализација на развојот на софтверот, вработени во компании кои нудат услуги за екстернализација на развој на софтвер, аутсорсинг вработени, како и сите коишто се вклучени во процесот на развој и тестирање на нови софтверски решенија.
 
Целта на семинарот е учесниците да се стекнат со основно и напредно знаење од областа на управувањето и измени на софтверските решенија, согледувајќи го комплетниот процес од поднeсување и обработка на барањата до развој, тестирање и пуштање во продукција.
 
ПРОГРАМА:

       I.          Вовед

·        Значење од адекватно управување со развојот и измените на софтверските решенија;

·        ISO - стандарди;

·        ИТ – рамки и најдобра светска пракса – ITIL, ITSM;

·        Управување со измените, тестирање, пуштање во продукција и други процеси;

·        Поврзаност на ИТ процесите;

·        Управување со развојот и измените на софтверските решенија во средни (ИТ) компании;

·        Дефинирање и усвојување на документи;

·        ИТ измени и ИТ проекти;

·        Редовни и итни измени;

·        Улогата на ИТ управување (governance) и интерна ревизија;

     II.          Управување со софтверските измени

·        Дијаграм и фази во процесот;

·        Улога и одговорности на вработените (RACI матрица) и документирање;

·        Поднесување, анализа и одобрување на барањата за софтверски измени;

·        Улога на деловните организациони делови;

·        Интерен и екстерен развој на софтверски решенија;

·        Најдобра пракса, ИТ и безбедносни стандарди во развој;

·        Бази на податоци и известување;

·        Контролни точки во процесот;

·        Преземање (Download) на пакети со измени;

 

    III.          Тестирање на софтверските решенија

·        Дијаграм и фази во процесот;

·        Улоги и одговорности на вработените (RACI матрица) и документирање;

·        Контролни точки во процесот;

·        Тестирање на функционалностите;

·        Ревизија на кодот;

·        Тестирање на квалитетот на софтверот (Quality Assurance);

·        Корисничко тестирање (User Acceptance Testing);

·        Безбедносно тестирање.

   IV.          Управување со пуштање во продукција на софтверските решенија

·        Дијаграм и фази во процесот;

·        Улоги и одговорности на вработените (RACI матрица);

·        Дефинирање термини за пуштање во продукција;

·        Контролни точки во процесот;

·        Преземање (Download)на измените;

·        Период за стабилизација и можни грешки (bag);

 

     V.          Примери од пракса

·        Дали сте креирале RACI матрица за секој ИТ процес?;

·        Анализа на примери од пракса – ИТ безбедност и развој на софтвер;

·        Анализа на примери од пракса при недоволно добра имплементација на процесите;

·        Анализа на решенија за ефикасно и ефективно управување со развојот на софтвери;

·        Преземање (Download)на измените;

·        Период за стабилизација и можни грешки (bag);

 

НАПОМЕНА: За посетување на дводневната онлајн обука потребно е основно разбирање на ИТ системите и деловните процеси.

 
Предавач:
 

- Лука Милинковиќ, Менаџер за безбедност, управување и ризик во компанија за развој и дизајн на софтверски решенија. Милинковиќ има повеќегодишно искуство со контрола и со управување на електронските ризици, со специјализација во областа на дефинирањето на електронските процеси (ITIL-процеси) и на примена на самата контрола. Со информациска безбедност и со едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, како и во неколку банки во Р Србија. Има работено на развој и на примена на безбедносни методи, мрежни технологии и на алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и на меѓународни научни конференции, а член е и на електронското списание PC Press. Тој, исто така, е сертифициран внатрешен ревизор за управување со ризик ISO/IEC 27001 и ISО 31000.

 
За сите учесници ќе биде обезбедено: 

-       упатства за приклучување на „онлајн“ семинарот;

-       работни материјали во електронска верзија и

-       eлектронски сертификат за учество на семинарот.  

Сите заинтересирани за учество на овoj “онлајн“ семинар  можат да се пријават најдоцна до 19.09.2024 година.


Контакт лица:

Михајло Донев                                                   

Телефон: 02 32 44 067                                                 

Е-адреса: mihajlo@mchamber.mk                           

 
м-р Елизабета А. Ефтимова
Tелефон: 02 32 44 074
Е-адреса: beti@mchamber.mk