„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
19.02.2025
Предлагачи: Група пратеници
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Овој Предлог - закон има за цел да овозможи олеснување на финансискиот товар на граѓаните преку намалување на даночниот товар за електричната енергија и ослободување од ДДВ за основните производи за човечка исхрана. Со оваа мерка се очекува да се намалат трошоците за електрична енергија, што ќе придонесе за зголемување на расположливиот доход на домаќинствата како и заштита на животниот стандард. Овој предлог-закон најголемо позитивно влијание ќе има врз домаќинствата со ниски примања, кои трошат најголем дел од своите приходи на храна. Укинувањето на ДДВ за основните производи за човечка исхрана ќе помогне да се стабилизираат цените и да се ублажат инфлациските притисоци во прехранбениот сектор на долг рок.