„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка

20.02.2025

 Предлагач се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите е да се заштитат интересите на потрошувачите и да се обезбеди основа за подобра информираност на потрошувачите за цените на производите кои сакаат да ги купат и за олеснување на споредливоста на цените. Исто така, ќе се осигура транспарентноста во однос на потрошувачите и ќе се спречи нефер конкуренцијата и злоупотребата на пазарот. Законот чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои е заснован и основниот текст на Законот за заштита на потрошувачите (*).